Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ц. Гора го разреши Азески од должноста почесен конзул оти работел против Владата

0
By Sashko on June 21, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 21, 2021 11:12

Владата на Црна Гора го отповика Бранко Азески од функцијата почесен конзул во Македонија. Во образложението на таквиот потег, како што пишува „Дан“, се наведува дека „конзулот се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките државни органи на власта во Црна Гора, истакнувајќи свои лични забелешки и предвидувања во поглед на работата на Владата“. Одлуката за отповикување на Азески е донесена на последната седница на црногорската влада.

– Се отповикува Бранко Азески од должноста почесен конзул на Црна Гора во Штип, Република Северна Македонија, со надлежности за Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип и Чешиново-Облешево, се наведува во решението што го потпиша црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ.

Според решението, црногорското Министерство за внатрешни работи дошло до сознанија дека Азески во вршењто на должноста почесен конзул ја користел секоја прилика со својот наратив да изрази сомнеж за угледот на Црна Гора и за кредибилитетот на нејзините органи. Се појаснува дека од безбедносните органи се особено забележани разговори на Азески со угледни деловни лица од различни сфери во кои се обидувал да ги омаловажи и компромитира највисоките органи на власта во Црна Гора, изнесувајќи свои лични забелешки и предевидувања за работата на Владата.

Во решението се истакнува дека Министерството за надворешни работи смета дека наведените настапи можат сериозно да го нарушат угледот на државата и дека нема основа за натамошно продолжување на неговата функција. Според официјалните податови, Азески бил почесен конзул на Црна Гора во Македонија од 2016 година.

Азески: Благодарам за соработката и посакувам брз развој на Црна Гора

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кого Владата во Подгорица го отповика од функцијата почесен конзул во Скопје, утрово, преку соопштение до медиумите, се заблагодари за соработката и и посака на Црна Гора брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит.

– Црна Гора е независна и суверена држава, која согласно Уставот е дефинирана како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото. Иако независноста на Црна Гора е обновена на 3 јуни 2006 година, со истапувањето од државната заедница со Србија, таа претставува една од најстарите европски држави. На овие простори се простирала латинската провинција Превалис, средновековната држава Зета, а денес современата држава Црна Гора, која претставува своевидна раскрсница на која се испреплетени повеќе историски случувања, народи и култури (илирска, словенска, византиска, турска), како и религии (христијанска и исламска), кои оставиле свои траги до денешен ден. Голема благодарност до сите оние со кои соработував на оваа важна мисија за бизнисите на нашите две држави. На Црна Гора и посакувам брз развој и просперитет, а на компаниите поголем профит, наведува Азески.

Црногорската Влада го објасни потегот со отповикувањето на Азески со изјава дека се обидел да ги омаловажи и компромитира највисоките власти во Црна Гора презентирајќи свои лични забелешки и предвидувања во врска со работата на Владата. Како што објави весникот Дан, одлуката за отповикување е донесена на последната седница на Владата. Според одлуката потпишана од премиерот Здравко Кривокапиќ, Министерството за внатрешни работи дошло до сознанија дека Азески, при извршувањето на должноста почесен конзул, ја користел секоја можност да изрази сомнеж за угледот на Црна Гора и за кредибилитетот на нејзините тела.

Бранко Азески Македонија отповикување почесен конзул Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.