Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цаноски за „ТНТ“: Се сомневам дека оставката на поротничката е дадена под притисок и закани

0
By Нова ТВ on January 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски се враќа од почеток, откако еден од членовите на судечкиот совет дал неотповиклива оставка. Судијата Огнен Ставрев на почетокот на денешното рочиште, информира дека Судот добил писмено барање од судијата – поротник Лилјана Ивановска Кочковска, со кое таа дава неотповиклива отставка. Во писмото од Ивановска Кочковска, посочи судијата Ставрев, се наведува кога дала заклетва, кога и прекинала функцијата и дека има здравствени проблеми. Оштетениот во случајот, Фијат Цаноски се сомнева дека потегот на Кочковска е доброволен.

„Поротничката дала оставка пола час пред рочиштето. Се сомневам дека нејзиниот потег е самоволен, односно дека е поткупена од мафијата што владее во Македонија или, пак, имала некои други закани. Кога го велам ова мислам на Никола Груевски, на Миле Јанакиески и на Тони Јакимовски во чија режија беше спроведено рушењето. Убеден сум дека сето ова се диктира од Будимпешта. Иако случајот се враќа на почеток, сепак, јас не губам верба во правосудниот систем“, изјави Цаноски.

Судијата Ставрев, кој го води случајот „ТНТ“, пред денешното рочиште ги запозна присутните во судницата со содржината на писмото на Лилјана Ивановска Кочковска и ја повика одбраната, доколку има искрени намери, да не го одолговлекува процесот, иако тој се враќа од почеток.

„До одбраната. Ако е како што тврдевте, дека вашите барања изминатите два месеца биле за целисходноста на постапката, имате шанса да ја потврдите намерата. Ако е интерес на правдата можете до утре на рочиште да ја потврдите намерата и да ја почнеме постапката одново, но да го поминеме само со читање на досегашните материјали без повторно сослушување сведоци“, рече судијата Ставрев.

Во судница денеска не беа присутни обвинетите Тони Трајковски и Елизабета Најдовска. На прашање од судијата Огнен Ставрев до адвокатите Јовица Страшевски и Мерџан Даути каде се нивните клиенти, тие рекоа дека немале уредна покана за денешното рочиште.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Иако судскиот процес се враќа на почетокот, правни експерти за Нова ТВ рекоа дека тој не може да застари бидејќи станува збор за потеѓки кривични дела, но оставаат простор за разни злоупотреби при евентуална промена на власта.

Космос оставка Поротничка Случај „ТНТ“ Фијат Цаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.