Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Голем број кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се рециклирани кадри на Груевски

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имате рециклирани кадри на Груевски, самиот Мицкоски е кадар на Груевски. Тоа што го нуди ВМРО-ДПМНЕ во програмата е нешто што е веќе реализирано од нас, но тоа се должи на нивното незнаење и на фактот дека немале што да напишат, изјави потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Денес нема ништо ново и ништо различно од тоа до ова ВМРО-ДПМНЕ. Ние избравме Антикорупциска комисија јавно пред очите на сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ слушавме како ги нарачува пресудите. Сега е поинаку, но тоа не можете за две години да го промените“, истакна Царовска.

Таа нагласи дека СДСМ се потруди да донесе закони со кои го ослободи судството и најави дека ќе има ревизија на пет отсто од предметите.

„Судската власт е независна, затоа ние ќе создадеме услови за судството да може самото да се исправи и да се реформира, по примерот на Антикорупциската комисија. Нема да дозволиме никогаш повеќе, ниту една политичка партија да се меша во судството“, потенцира Царовска.

Таа нагласи дека Законот за недискриминација не е во сила, затоа што поранешниот претседател Ѓорге Иванов не сакаше да го потпише законот и друга причина нема.

„Не е точно дека не се почитувале процедурите за негово изгласување, вистината е дека Иванов не сакаше да стави потпис. Затоа истакнувам дека ова е истото ВМРО-ДПМНЕ кое носеше 200 закони за 12 часа и тоа ноќе, ова е истото ВМРО-ДПМНЕ кое донесе Закон за прекин на бременоста во рок од три дена“, истакна Царовска.

Таа потенцира дека граѓаните лесно можат да направат разлика, бидејќи СДСМ секогаш ги носеле важните закони во консултации со јавноста, експертите и со засегнатите страни.

„Сите сега во ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да покажат нова слика, но истите се“, изјави Царовска, која заедно со Никола Димитров е носителка на изборната листа на кандидати за пратреници на колаицијата „Можеме“ во првата Изборна единица.

„Само вистина“ ВМРО-ДПМНЕ Избори 2020 Коалиција „Можеме“ Мила Царовска СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.