Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Централно Собрание на НДП: Едногласна поддршка за Пендаровски

0
By Нова ТВ on March 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централното Собрание на НДП едногласно изрази поддршка на консензуалниот кандидат за претседателските избори на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Партијата, се вели во соопштението, од организирање на парламентарните избори во 2016 година дејствуваше со голема мудрост во формирање на парламентарното мнозинство што резултира со формирање на владината коалиција која презеде историска тежина за уставни измени, големи компромиси, јазична и граѓанска еднаквост и голема капитална инвестиција кон НАТО и ЕУ.

„Иако бевме мали и бевме нападнати од сите страни, останавме на истиот став со цел да не се дозволи враќање на процесите назад туку да одат кон вистинскиот правец на националниот интерес“, порачуваат од НДП.

НДП проценува дека поддршката за консензуалниот кандидат се случува за првпат во историјата на нашата земја и кандидатурата на Стево Пендаровски има значење и вреди да се поддржи и гласа бидејќи подразбира прифаќање на еднаквост на сите граѓани на земјата.

„Гласањето за консензуален кандидат е цврст доказ што дава постојан легитимитет на Преспанскиот Договор, на уставните промени, како и законот за употреба на јазици. Гласањето против консензуалниот кандидат или негово бојкотирање не е ништо друго освен обид за делигитимирање на досегашните достигнувања, за делигитимација на Договорот од Преспа, на законот за употреба на јазиците, на уставните промени и на еднаквоста на сите граѓани“, е наведено во дописот на партијата.

НДП го препознава моментот како историски и ги повикува Албанците заедно со сите други граѓани од помалите заедници да го поддржат консензуалниот кандидат. Само на тој начин, се нагласува во соопштението, може еднаш засекогаш да се стави крај на кандидати кои се ангажираат со поддршка на еден етникум, а другите да бидат нивни слуги за да имаат мнозиство.

избори Македонија НДП претседател Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.