Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде меѓу гостите на денешната ждрепка за групите на Светското фудбалско првенство во 2018 година. Негово присуство на свечената церемонија ја потврдија од прес службата во Кремљ.
Извлекувањето на групите е закажано за 16 часот. Честа да бидат водители ја добија легендарниот англиски фудбалер Гари Линекер и руската спортска новинарка Марија Команднаја, улогите на асистенти им припаднаа на Никита Симонјан, Лоран Блан, Гордон Бенкс, Фабио Канаваро, Кафу, Диего Марадона, Карлес Пужол и Диего Форлан.
Путин, според најавите од Москва, пред ждрепката ќе оствари неформални средби со дел од светските фудбалските ѕвезди меѓу кои ќе бидат Роналдо, Роналдињо, Пеле, Уго Санчез, Дидие Дрогба, Самуел Ето.

Светското фудбалско првенство ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули догодина. Градови домаќини на натпреварите ќе бидат Москва, Екатеринбург, Санкт Петербург, Волгоград, Казањ, Нижњи Новгород, Самара, Саранск, Ростов, Сочи и Каљининград.
Првиот меч на мундијал е планиран на „Лужники“ во Москва, стадион на кој ќе се одигра и големото финале.
Прв барабан: Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Франција
Втор барабан: Шпанија, Перу, Швајцарија, Англија, Колумбија, Мексико, Уругвај, Хрватска
Трет барабан: Данска, Исланд, Костарика, Шведска, Тунис, Египет, Сенегал, Иран
Четврти барабан: Србија, Нигерија, Австралија, Јапонија, Мароко, Панама, Јужна Кореја, Саудиска Арабија