Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ципрас:Со патриотска одговорност за заемно прифатливо решение за името

0
By Нова ТВ on January 28, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 28, 2018 10:46

Разговори со лидерите на политичките партии, имаше грчкиот премиер во текот на вчерашниот ден се со цел да се постигне широк национален консензус во прашањето за името. Сите претседатели ги повторија нивните добро познати позиции, а трнлив се чини дека ќе биде патот за наоѓањето на заеднички јазик.

За резултатот од средбите, преку директно обраќање, Алексис Ципрас, како што јави дописникот на МИА од Атина, ја извести јавноста.

– Се обврзувам дека во следниот период со патриотска одговорност ќе се стремам кон заемно прифатливо решение, рече грчкиот премиер и објасни дека е направен напредок, но се уште е долг патот до договор. Алексис Ципрас, ја повтори позицијата за сложено име со географска или временска одредница, за севкупна употреба, и објасни дека тоа значи и меѓународна и внатрешна.

Додаде дека на неговите соговорници од опозициските партии им објаснил дека оваа година е отворен прозорец на можност за решение, „бидејќи новото политичко раководство кај соседот под господинот Заев покажува волја да преговараме“, но и дека „новата влада ја има сменето и во некоја мерка повлечено иредентистичката реториката на претходните  влади“, факт што според Ципрас може да ги интензивира преговорите.

-Карактеристичен беше потегот на господинот Заев да го преименува меѓународниот аеродром во Скопје, но и автопатот Солун – Скопје од „Александар Велики“ во „Пријателство“. Овие симболични чекори не значат дека е решен проблемот со иредентизмот, бидејќи политичката волја на нашите соседи треба добие облик на јасни и конкретни обврзувања во рамките на разговорите што се водат како на билатерално, така и во рамките на медијаторствто на ООН, рече грчкиот премиер во синоќешното обраќање до јавноста, јави МИА.

Алексис Ципрас истакна дека неговата влада има волја и одлучност за затворање на долгогодишниот проблем, повторувајќи ги грчките црвени линии.

– Во последниот период е направен напредок, сепак останува голем пат да се изоди, за да стигнеме до едно заемно прифатливо решение за сложено име со географска или временска одредница, што ќе важи за сите. И кога велиме за сите, тоа се однесува како на меѓународното име, така и на името во внатрешноста, рече Ципрас и истакна дека Грција нема кон никој обврска да го реши прашањето, туку тоа е во служба на среднорочните и долгорочните национални интереси и стабилноста на Балканот.

– Не е воопшто случајно што во последните 25 години мнозинството земји од ОН  ја признаа соседната земја под уставното име. Додека пак привременото име кое Грција го признава од 1995 го вклучува терминот Македонија, но без никаква одредница што би ја спречило можноста за идни барања за територија или нашата историја, објасни Алексис Ципрас.

Во однос на разговорите со лидерите на политичките партии и неговиот стремеж да се создаде широк национален консензус, грчкиот премиер, во неговото обраќање, јавува дописникот на МИА од Атина рече дека размениле мислења и изрази надеж дека може да се најде заеднички јазик.

– Мислам дека со повеќето имавме искрен и одговорен разговор што би можел да доведе до поклопување на политичките позиции и поширок консензус, доколку стигнеме до договор, нагласи Ципрас, упатувајќи критики до лидерот на Нова демократија, поради позицијата што Кирјакос Мицотакис ја зазеде на нивната средба утрово.

На средбите со Ципрас лидерите на политичките партии ги изразија нивните ставови и нивните размислувања во однос на разговорите за името. Речиси сите, рекоа дека најголемиот проблем е иредентизмот и македонскиот Устав.

Претседателот на најголемата опозициска партија Нова демократија, упати остри критики за начинот на кој грчката влада управува со конкретното прашање и го обвини Ципрас дека ги поделил граѓаните.

– Нема да ги поделиме Грците за да ги обединиме Скопјаните, рече Мицотакис и ја отфрли можноста да и даде поддршка на владата за формирање на поширок национален консензус во прашањето со името.

Централно левичарските партии Река и Демократска коалиција, исто како и владата, поддржуваат сложено име со географска одредница, ерга омнес.

Фофи Генимата, претседателката на ПАСОК и лидер на Демократската коалиција побара правни гаранции што „ќе ги отстранат иредентизмот и фалсификувањето на името“, заедно со сложено ерга омнес име со географска одредница и свикување на лидерска средба.

Сложено име што ќе содржи еден, а не два збор, на македонски јази, без превод, е она што го предлага лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, кој смета дека иредентизмот е поголем проблем од името.

Василис Левендис, пак, претседателот на Сојуз на централисти, не се согласува со сложено име со вклучен терминот Македонија, му порача на Ципрас да започне преговори од нула и откри дека „Нова Македонија“ е името што се споменува како можно решение.

Лидерите на сите политички партии што ја посетија премиерската палата, јави дописникот на МИА од Атина, коментираа дека Ципрас требало многу порани да ги информира за владините позиции и упатија критики до владата бидејќи нема една единствена позиција, со оглед на тоа дека коалициониот партнер Панос Каменос е против сложено име со терминот Македонија.

 

Алексис Ципрас Грција Македонија спор за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.