Централен одбор на СДСМ попладнево во 18 часот ќе одржи седница во хотел „Александар Палас“ во Скопје. Како што соопштија од партијата, медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти непосредно пред почетокот на седницата.

– Седниците на Централниот одбор на СДСМ се работни. По завршување на седницата, за заклучоците и одлуките на Централниот одбор, ќе следува изјава за медиумите за што медиумите ќе бидат дополнително информирани, се вели во соопштението.