Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Црн ден“ – албанскиот парламент го усвои контроверзниот закон за медиуми

0
By Нова ТВ on December 19, 2019 СВЕТ
Фото: writersrevival.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај протестите на новинарските здруженија и меѓународната критика, албанскиот парламент го усвои законот за медиуми. Многумина стравуваат дека тоа ќе значи вовед во цензура и произволна примена на законот. Со црни ленти преку уста и пароли со пораки како „Новинарството не е кривично дело“, албанските новинари вчера демонстрираа пред парламентот во Тирана. Нивна цел беше да се спречи донесувањето на новиот закон за медиуми на социјалистичката влада на премиерот Еди Рама. Таканаречениот „Paketa anti-shpifje” (во превод Пакет мерки против клевета) по долга дебата синоќа беше усвоен со гласови од владеачката партија.

„Оваа земја ја мачи опскурантизам. Голема тага. Ова е навистина црн ден“, напиша познатата албанска професорка по медиуми, Артан Фуга на својата Фејсбук-страница.

Со законодавниот пакет во иднина треба построго да се регулираат онлајн медиумите. Агенцијата за аудиовизуелни и медиумски услуги (поранешната АМА, која според новиот закон се преименува во АМШ) ги презема посебните надлежности. Таа може да им наложи на онлајн медиумите да отстранат одредени содржини од нивните веб-страници ако објават невистини. Ако медиумот не реагира, му се закануваат казни и до 6.500 евра, па дури и блокирање на страницата.

Фото: balkaninsight.com

Рама во парламентот изјави дека законот е работен заедно со ОБСЕ. Целта e „заострување на законските рамки, за да се овозможи регулација и дисциплинирање во оваа џунгла“, изјави Рама коментирајќи го пејсажот на онлајн медиуми во земјата.

Законот беше неколкупати променет во последен момент и, според Рама, бил усогласен со канцеларијата на претставникот на ОБСЕ за слобода на мислење, Харлем Десир. Тој на Твитер во вторникот навечер објави дека законот е во согласност со меѓународните стандарди и вети натамошна поддршка во имплементацијата на законот, за да се осигура дека „медиумските регулаторни власти ќе го спроведуваат законот на вистински независен начин.“

Се стравува од самоволие и автоцензура

Новинарските здруженија во земјата се сомневаат дека Агенцијата за регулација на медиуми ќе работи независно. Александар Ципа, раководител на Албанската асоцијација на медиуми, во овој закон за медиуми гледа обид да се цензурираат онлајн медиумите.

„Креирани се предуслови за транформација на АМА во агенција за цензура. Агенцијата веќе неколкупати покажа дека е политички пристрасна“, коментира Ципа за „Дојче веле“.

Фото: mediacouncils.org

Кристина Воко, раководител на албанската Балканска истражувачка мрежа (БИРН), гледа голема опасност од самоцензура:

„Ако на новинарите им се заканува казна која е неколкупати повисока од нивните месечни примања, тоа ќе води кон „протоколарно известување“ и јавноста нема да добива квалитетни информации“, вели таа за ДВ. За Воко, законот не е ништо повеќе од механизам за цензура. Единствена надеж за новинарските здруженија е сега претседателот Илир Мета да не го потпише законот.

Критика од многу страни

Министерството за надворешни работи во Берлин претходно на прашање од Дојче веле соопшти дека бара промена на нацрт законот.

„Принципиелно го поздравуваме тоа што конструктивните предлози на претставникот за медиуми на ОБСЕ се земени предвид при составувањето на нацрт законот и би поздравиле доколку истото се случи и со најновите забелешки околу него”, се вели меѓу другото во Берлин.

Се додава и дека од „енормно значење е идните закони да бидат во согласност со ЕУ-регулативите”.

Фото: libyanexpress.com

Помалку дипломатски својата критика ја формулираше познатата организација на новинари „Репортери без граници”.

„Реформата чувствително ќе ја ограничи медиумската слобода во Албанија“, изјави за ДВ, Кристијан Мир, претседател на германскиот огранок на организацијата.

Андреј Хунко, пратеник во германскиот Бундестаг од Левицата и известувач за Албанија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, ја повика владата во Тирана да разговара за законот со новинарските здруженија. „Непроменето и избрзано носење на законот може да доведе до ограничувања на медиумските слободи во Албанија”, вели Хунко.

Албанија Еди Рама закон медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.