Викендот настрадаа четири лица на словенечките планини. Тројца планинари го загубија животот вчера на Јулијските Алпи, во северозападна Словенија, додека сè уште трае потрага по едно лице. Ден претходно настрада и планинар од Хрватска на Камнишки Алпи.

Од синоќа трае потрагата за еден исчезнат планинар на подрачјето на планината Комна на која веќе е пронајдено тело на настрадано лице, пренесува агенцијата Хина.

Состојбата на планините моментно е многу опасна, патеките се прекриени со снег под кој има мраз, соопшти полицијата.

Во саботата, на подрачјето на Камничко седло на Камнишките Алпи, настрада 37-годишен хрватски планинар кој бил дел од група со осум лица. Тој, според наводи од полицијата, се лизнал на стрмен предел и паднал, а бил пронајден на 300 метри под местото на несреќата.

Во Словенија годишно страдаат и по 30 планинари, а горската служба за спасување годишно има и по 500 интервенции.