Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црна Гора денес станува членка на НАТО, Русите не се задоволни

0
By Светлана Јовановска on June 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Црна Гора од денес станува полноправна членка на НАТО.

Церемонијата се одржува во Вашингтон а домаќин ќе биде државниот потсекретар Томас Шанон, соопшти Стејт Департментот на САД.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ ќе ги предаде на инструментите за придружување.

На церемонијата присуствува и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Потоа, на 7 јуни, црногорското знаме ќе биде истакнато на влезот на седиштето на НАТО во Брисел.

“Членството на Црна Гора ќе биде придонес за поголема интеграција, демократски реформи, трговија, безбедност и стабилност за сите негови соседи. Членството во НАТО ќе потврди исто така дека за другите кандидати, кои сакаат и се способни да ги направат бараните реформи за постигнување на високите стандарди на НАТО и да ги прифатат ризиците и одговорностите како и придобивките од членството, вратата на НАТО останува отворена”, соопшти американскиот Стејт Департмент.

Црна Гора, НАТО и Русија

Овој развој на настаните не им се допаѓа на Русите. Така, рускиот сенатор Алексеј Пушков пред неколку дена на Твитер напиша дека “воената вредност на Црна Гора е рамна на нула”.

Но сите не го делат овој став. Срѓан Вучетиќ од кандскиот Центар за меѓународна политика, овој настан е од голема стратешка и политичка важност. Тој за БФМ телевизијата изјави дека од аспект на Кремљ, “секој добиен поен на НАТО е загубен поен за Русија”.

Со Црна Гора НАТО добива контрола на целиот Јадран. Алијансата и понатаму е присутна на Косово и во Босна и Херцеговина и “подготвена да интервенира доколку дојде до нови конфликти”, вели Јануш Бугајски од американскиот Центар за европска политичка анализа.

Накусо, НАТО го контролира практично целиот регион. Недостасуваат уште Србија, која најави дека не сака влез во НАТО, и Македонија чиј што влез беше блокиран во 2008 година поради спорот со името со Грција. Со доаѓањето на новата влада на СДСМ во Македонија повторно се подгрева надежта дека Македонија би можела да влезе во НАТО и без конечен договор со Грција.

Во октомври минатата година, црногорската полиција уапси група српски граѓани и ги обвини за обид за државен удар за да се спречи влезот во НАТО. Подгорица верува дека во оваа група имало двајца руски разузнавачи што наведува на руска поддршка за државниот удар. Но Русија ги демантираше овие обвинувања.

Може ли Русија да и освети на Црна Гора?

Москва сепак има начин да и се освети на Црна Гора и веќе почна да и става економски “сопки”.

Во април Русија блокираше увоз на црногорско вино за 1.7 милиони евра. Но, Подгорица добро знае дека трговската размена со ЕУ изнесува 450 милиони евра па оттука Црна Гора одлучи да и се придружи на ЕУ во санкциите против Москва.

“Ние не зависиме ниту од Русија ниту од Србија. Ние следиме наш пат кон ЕУ и НАТО без разлика дали тоа ним им се допаѓа”, вели црногорскиот економист Драган Петровиќ.

Доколку Русите одлучат да и прават штета на Црна Гора по влезот во НАТО, тоа најлесно би било направено преку туризмот. Според црногорските статистики, во Црна Гора третината туристи доаѓаат од Русија. Русија пролетва ја обвини Подгорица дека спроведувала “анти-руска хистерија”.

балкан Јадран НАТО Русија Црна Гора членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.