Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црна Гора го стега обрачот од понеделник: Забрана за прослави, свадби, екскурзии, се ограничува и работата на ноќните клубови

0
By Sashko on November 12, 2021 РЕГИОН
Фото: mina.news
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со новите епидемиолошки мерки што ќе стапат во сила од понеделник, во Црна Гора се забрануваат новогодишни прослави, венчавки на отворено и затворено, како и работа на ноќните клубови, изјави министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ на денешната прес-конференција.

Таа рече дека моментните епидемиолошки мерки не се почитуваат или контролираат и дека класично заклучување не е опција бидејќи фокусот е на вакцинацијата, а Црна Гора има доволно вакцини за да ја имунизира целата земја, Владата усвоила построги мерки за борба против коронавирусот што ќе важи од понеделник до 1 декември.

Министерката рече дека со новите мерки се забранува организирање на новогодишни прослави на отворено – концерти, масовни собири и слично, организирање на свадби на отворено и во затворено, работата на ноќните клубови и на угостителските објекти се ограничува до полноќ, а под забрана подлежи и организација на студентски екскурзии и патувања, приватни прослави и родендени.

Таа рече и дека престојот во куќи и станови се препорачува само на членови на исто домаќинство и потсети дека националниот дигитален сертификат за ковид-19 останува услов за минување на државната граница, за престој во угостителски објекти, за присуство на свадби (ако некој ги планира викендов), за присуство на приредби, на спортски натпревари, итн.

„Владата сè уште ја разгледува можноста од 1 декември да воведе обврска за поседување на nационалниот дигитален сертификат за ковид-19 за целата јавна администрација – здравство, образование, полициска администрација, армија“, рече Боровиниќ Бојовиќ.

Јелена Боровиниќ Бојовиќ Ковид-19 мерки регион Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.