Турција го повлече својот амбасадор во Австрија во екот на дипломатскиот спор меѓу двете земји.
Турција го повика својот амбасадор на консултации и преиспитување на односите“, ја пренесува агенцијата Анадолија изјавата на турскиот министер за надворешни работи, Мехмет Чавусоглу.
Чавусоглу истовремено ја обвини Виена за поддршка на забранетата Курдистанска работничка акција.
„Видовме дека поддржувачите на Курдската работничка партија добија дозвола да одржат демонстрации во Виена. Тоа не е во согласност со чесноста и искреноста. Не можеме да бидеме мирни кон таков однос со кој се поддржува тероризам.“, изјави турскиот министер.
Тој рече дека Турција нема да остане на страна кога се во прашање билатералните односи и дека ќе преземе одредени чекори.
Австрија повика да се прекинат разговоротите со Турција да ги за прием во ЕУ, поради недостиг на демократски стандарди кога станува збор за реакцијата на турските власти на минатомесечниот неуспешен воен удар.