Турскиот Парламент одобри воведување вонредна состојба во државата. Пратениците го поддржаа барањето со 346 гласа „за“ и 115 „против“, а истата ќе трае 3 месеци. Според  турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оваа одлука е согласно Уставот и тој рче дека таа не е насочена против демократијата и граѓанските принципи. Ердоган наведе дека целта е брзо и ефикасно да се преземат мерки против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

„Како врховен командант на вооружените сили, ќе се борам војската да ја исчистиме од сите вируси“, изјави Ердоган.

Вонредната состојба значи дека сега Ердоган добива одврзани раце и може да ги суспендира законите кога сака, како и да носи сопствени декрети кога сака. Со турската влада ќе раководи претседателот, а не премиерот.  Критичната јавност во земјата и надвор смета дека сега Ердоган ја воведува смртната казна на мала врата, а во меѓувреме непречено ќе врши политички прогон врз неговите неистомисленици.