Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција сака влез во ЕУ во 2023, на 100-годишнината од Републиката

0
By Нова ТВ on August 19, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турција сака да стане членка на Европската Унија до 2023 година, кога слави 100 годишнина од основањето на Републиката и основањето на модерната држава.

„Турската влада сака да се приклучи на Европската Унија до 2023 година“, изјави турскиот амбасадор во ЕУ Селим Јенел.

Тој датум би се совпаднал со прославата на 100 годишнината од турската Република, нагласи Јенел.

„Тоа би било врв за мојата земја тогаш да стане членка на Унијата“, вели дипломатот.

Полноправното членство е важно за Турција, а долгорочно, воопшто не е опција да остане надвор од блокот, додава Јенел.

Турција е кандидат за ЕУ од 1999 година, а преговорите ги почна во 2005 година.

Напредокот на земјата е многу бавен, а после неуспешниот воен удар минатиот месец, уште повеќе е забавен.

На почетокот на месецов Австрија повика на прекин на преговорите на ЕУ со Турција, поради недостаток на демократски стандарди по неуспешниот воен удар.

Австриските и дел од германските официјални лица ја критикуваат турската власт и однесувањето на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кои почнаа акции за масовно апсење во земјата.

Турскиот претседател не им остана должен, па одговори како Турција е земја на демократијата и како секоја друга држава има право да се брани откако е нападната.

Европската Унија го проблематизираше и воспоставување на безвизниот режим за граѓаните на Турција, што предизвика реакција во Анкара.

По тој повод турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавусоглу им порача на колегите во ЕУ дека доколку безвизниот режим во октомври годинава не биде укинат за граѓаните на неговата земја, Турција веќе нема да биде обврзана да се придржува на договорот за бегалците и мигрантите.

Тој договор подразбира Турција да им го блокира патот на сите мигранти кои од Блискиот Исток и од Азија преку таа земја тргнуваат кон западна Европа.

На прашањето дали стотици илјади бегалци од Турција ќе тргнат кон Европа ако ЕУ не одобри безвизен режим за Турција од октомври, Чавусоглу за германски Билд рече: „Не сакам да зборувам за најлошото сценарио. Разговорите со ЕУ продолжуваат, но јасно е како сите би требало да ги користиме истовремено сите договори или да ги оставиме на страна“.

 

ЕУ Реџеп Таип Ердоган Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.