Се забранува влез и излез од 30 големи градови во Турција во траење од 15 дена, објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Твитер во обраќањето до нацијата.

„Најважна е изолацијата, но се забележуваат прекршувања. Затоа е наложено да се премине од доброволна во задолжителна изолација. Од вечерва во следните 15 дена се забранува влез и излез во 30 големи градови на Турција. Се забранува и излегување на улиците за лица под 20 годишна возраст и сите треба да носат заштитни маски на јавните места“, истакна Ердоган во пораката.

Претходно турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека бројот на заразени лица во земјата за едно деноноќие се зголемил од 18.135 на 20.921, а бројот на смртни случаи достигнал вкупно 425 луѓе.