Граѓаните на Турција утре ќе гласаат на референдум за промена на политичкиот систем во земјата. Доколку успее референдумот постоечкиот парламентарен систем ќе се замени со претседателски. А, тоа ќе му овозможи на сегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган да остане на власт до 2029 година со многу пошироки овластувања отколку сега.

Референдумот се одржува во услови на вонредна состојба, наметната по неуспешниот обид за државен удар во јули, минатата година.

Предложените промени се состојат од 18 измени на Уставот помеѓу кои најважната има за цел да му даде поголема моќ на новиот егзекутив и да ја укине функцијата премиер со што Ердоган би можел да остане на власт најмалку до 2029 година.

Ердоган денеска ќе учествува на четири митинзи во Истанбул, пред кампањата официјално да заврши. Претставници на владејачката Партија на правдата и развојот на Ердоган, исто така, ќе одржат митинзи.

Ердоган е на чело на Турција е од 2003 година, прво како премиер, а од 2014 година, како претседател. Недела ќе биде ден на одлука во Турција.