Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Тврд” или “мек”, Брегзит прашањето е сега

0
By Светлана Јовановска on June 9, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 9, 2017 13:41

Британските конзервативци на премиерката Тереза Меј го загубија парламентарното мнозинство во долниот британски дом. На конзервативните Ториевци им недостасуват 12 пратенички места за да стигне до бројката 326 што значи контрола во Парламентот.

И покрај повиците за оставка, Меј денес одлучи да побара дозвола од кралицата да направи влада. И да започне преговори за Брегзит.

И токму тука е проблемот.

Иако можеше да остане на власт уште три години со досегашното парламентарно мнозинство, Меј распиша предвремени избори за да ја зајакне британската позиција во овие преговори со ЕУ. Меј вети дека ќе преговара со Брисел за “тврд Брегзит” додека нејзиниот противник лабуристот Џереми Корбин ветуваше “мек Брегзит”. Но, лошата проценка на Меј и изборната загуба ги комплицираат работите.

Европскиот комесар Пјер Московици оцени дека Меј “го загубила облогот” и се наоѓа во покомплексна ситуација. Неговиот германски колега Гинтер Отингер изјави дека Лондон е сега “слаб” и “лош” партнер за преговори за Брегзит. А германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел рече дека резултатот на изборите е неуспех за Меј и нејзината позиција за “тврд Брегзит”.

Што значи “мек Брегзит”

 “Мекиот Брегзит” е опцијата што ја бранат лабуристите, либералите и некои конзервативци кои се залагаа за останување на Велика Британија во ЕУ.

Тоа значи дека не треба да се брза во преговорите и да се бара компромис кој нема да остави тешки последици за било која од преговарачките страни.

Приврзаниците на “мек Брегзит” го споменуваат норвешкиот модел. Норвешка не е член на ЕУ но сепак има пристап до заедничкиот пазар преку годишен финансиски придонес. Според договорот ЕУ-Норвешка, финансискиот капитал и луѓето можат слободно да се движат.

Овој модел не ја доведува во опасност британската економија бидејќи 55 отсто од надворешната трговија на Велика Британија се прави со ЕУ. Моделот му одговара и на славниот финансиски лондонски центар Сити а и на стотици илјади Европјани кои работат во Велика Британија.

А што значи “тврд Брегзит”

Тоа значи дека земјата ќе се откаже од слободно движење на капиталот, лицата, услугите и стоките, дека едноставно ќе излезе од политичката, економска и финансиска рамка на ЕУ и тоа без било каква компензација. Тоа значи исто така дека земјата ја презема во свои раце миграциската контрола.

Тоа е моделот за кој се залагаше Меј и моделот за кој што и беше потребно зајакнато парламентарно мнозинство.

Овој “тврд Брегзит” би имал и последици на кои предупредуваат британските фирми и банки. Тие велат дека земјата ќе загуби 75.000 работни места и загуба од 43,2 милијарди евра пред се поради најавите дека многу фирми се подготвуваат да на напуштат Велика Британија и сакаат да се сместат на контиентот, во Париз или Франкфурт.

Велика Британија во тој случај ќе треба да го пре-преговара договорите за слободна размена со трети земји, како Македонија, кои имаат договор со ЕУ. Сето тоа долго трае и е скапо но на земјата ќе и донесе контрола врз својата монетарна и трговска политика.

Резултатите од изборите носат нова реалност. Доколку Меј остане премиерка, нема да најде приемчиво уво кај нејзините ЕУ партнери во преговорите. Тие сега знаат дека нејзината политичка ситуација е слаба; нема сомнение дека тоа ќе го искористат а на Британците нема да им простат што работата ја доведоа до тука.

И не само тоа. Ниту една друга земја членка на ЕУ не би требало да го следи британскиот пример. Европјаните ќе направат се за да им покажат на другите дека излезот од ЕУ не е добра идеја.

Велика Британија ЕУ мек Брегзит тврд Брегзит Тереза Меј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.