Полицијата го уапсила осомничениот кој вчеравечер со нож нападна четири лица во Виена и им нанел повреди опасни по живот.

Мажот на возраст од 23 години е уапсен набрзо по нападот.

Полицијата соопшти дека врз основа на изјави на сведоци, мажот нападнал еден човек, неговата сопруга и нивната возрасна ќерка, кои се здобиле со повреди опасни по живот. При бегството, повредил уште едно лице.

Идентитетот на жртвите не е објавен.