Полицаец од Крива Паланка синоќа бил уапсен бидејќи во близина на кафеана пукал во воздух со службениот пиштол.
„Во 01:10 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.,,Св. Јоаким Осоговски“, полицискиот службеник Т.Т. испукал пет куршуми во воздух од службениот пиштол по што го напуштил местото на настанот“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Подоцна, како што велат од МВР, полицаецот бил уапсен.
„Полициски службеници подоцна го лишиле од слобода Т.Т., а кај него и во патничко моторно возило „Пежо“ што го управувал биле пронајдени и одземени пиштол „ЦЗ“ калибар 9 мм., една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми калибар 9 мм., една рамка со 30 куршуми калибар 7,62 мм. и лични предмети. Од местото на настанот биле подигнати две испукани чаури калибар 9 мм. за понатамошна постапка. За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, појаснуваат од МВР.