Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА ја претстави Лига на нации: Македонија во најслабата конкуренција

0
By Нова ТВ on January 26, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 26, 2017 21:32

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) по денешниот состанок на Извршниот одбор (ИО) го претстави новиот проект т.н. „Лига на нации“ што ќе тргне од септември во 2018 година. Во него ќе учествуваат сите 55 нејзини членки, ќе бидат поделени во четири квалитативни групи (Лига А, Лига Б, Лига Ц и Лига Д) и во суштина треба да замени најголем дел од пријателски средби, но ќе има и натпреварувачко значење бидејќи преку неа се планирани четири места на ЕП 2020.

Квалитативните групи ќе бидат изготвени врз база на националниот коефициент од ранг листата што ќе излезе во ноември во оваа година или, поточно, по завршување на европските квалификации за Светското првенство во Русија.

Фото: uefa.com

Во секоја од групите Лигите (А, Б, Ц и Д) ќе бидат формирани четири групи (1, 2, 3 и 4) со три до четири селекции. Лига А ќе ги опфати 12 најдобрите на континентот (четири групи по три репрезентации), во Лига Б ќе се најдат, исто така, 12 тима (четири групи по три репрезентации), Лига Ц ќе брои 15 (три групи со четири репрезентации и една со три) и во последната Лига Д ќе има 16 (четири групи по четири репрезентации).

Доколку Лигите би се формирале денеска, Македонија би била во најслабата Д конкуренција со национални тимови како Лихтенштајн, Луксембург, Фарски Острови, Косово, Гибралтар, Сан Марино, Андора, Казахстан, Естонија, итн. Најверојатно во неа и ќе заврши со оглед на рејтингот што во моментот го ужива на УЕФА и на ФИФА ранг листите.

Четири билети за ЕП 2020 преку новиот репрезентативен проект

При презентацијата на новиот проект од УЕФА најавија дека најдобрите од секој ранг ќе напредуваат во повисок, а најслабите ќе назадуваат во понизок. Четири тима преку Лигата на нации ќе обезбедат право на учество на ЕП 2020.

„Националните федерации и селекторите на репрезентациите се пожалија дека пријателските мечеви повеќе наштетуваат одошто им помагаат на нивните тимови. Лигата на нации нуди повеќе квалитетни и натпреварувачки средби, а за селекциите од среден или најслаб рејтинг е идеална прилика за билет за Еуро“, порачаа од УЕФА.

Фото: uefa.com

Во плеј-офот за четирите места на ЕП 2020 ќе учествуваат 16 репрезентации. Тоа се однесува на победниците во секоја од четирите групи во четирите Лиги. Ако со место во плеј-офот се стекне тим што осигурал пласман на ЕП преку регуларните квалификации, тогаш правото е пренесува на најдобриот по него во Лигата на нации.

Континенталниот турнир во 2020 година во 13 града, полуфинале и финале на „Вембли“

Натпреварите по групи во Лигата на нации ќе се одиграат во септември, во октомври и во ноември во 2018 година кога се термините и за редовните квалификации. Секој тим е замислено во тие месеци да има по еден квалификациски настап за ЕП 2020 и по еден во новото натпреварување на УЕФА.

Европското првенство во 2020 година за првпат ќе се одигра во 13 града ширум континентот за одбележување на 60 годишнината од првиот турнир.

Фото: uefa.com

Домаќини на натпреварите ќе бидат Баку (Азербејџан), Брисел (Белгија), Копенхаген (Данска), Минхен (Германија), Будимпешта (Унгарија), Даблин (Република Ирска), Рим (Италија), Амстердам (Холандија), Букурешт (Романија), Санкт Петербург (Русија), Глазгов (Шкотска) и Билбао (Шпанија). Полуфиналните мечеви и големото финале ќе бидат на „Вембли“ во Лондон.

 

 

ЕП2020 Лига на нации Македонија проект УЕФА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.