Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА, ЛШ: „Војна на милионите“ на „Камп Ноу“

0
By Нова ТВ on October 19, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 19, 2016 19:38

Барселона домаќин на Манчестер Сити во дербито на вечерта во фудбалска Европа

Фудбалска „војна на милионите“ вечерва во Лигата на шампиони. На „Камп Ноу“ гостува Манчестер Сити, на „Камп Ноу“ се враќа Пеп Гвардиола, „Камп Ноу“ е сцената од која се очекува да понуди 90 минутно уживање за неутралните вљубеници во најважната споредна работа во светот.

BARCELONA, SPAIN - MARCH 18: Sergio Aguero of Manchester City is tackled by Daniel Alves of Barcelona during the UEFA Champions League Round of 16 second leg match between Barcelona and Manchester City at Camp Nou on March 18, 2015 in Barcelona, Spain. (Photo by David Ramos/Getty Images)

Двете екипи се преполни со фудбалски легионери што може да одговорат на секаква замисла, двата тренера имаа материјал за одржување на концепцијата на тотален фудбал, на офанзива, на победнички дух и менталитет. Едниот ја измисли популарната „тика-така“, другиот ја наследи. И Гвардиола и Енрике со меѓусебен респект и за играчите што ги предводат.

 „Тој е најдобар тренер на светот“, рече Енрике во најавата за спектаклот на што не остана должен ниту Гвардиола кој возврати:

„Барселона под водство на Луис е подобра од мојата Барселона“.

Барселона во дербито влегува со победа над Депортиво ла Коруња со 4:0 во Примера во изминатиот викенд, Сити слета во Шпанија со реми (1:1) против Евертон во Премиерлигата и два промашени пенала на Де Брујн и Агуеро.

 „Пеп е навистина добар пријател. Го обожувам неговиот напаѓачки менталитет. Но, ова нема да биде меч меѓу тренери. Фудалерите се тие што ќе решаваат за победа или пораз. Влијанието на Пеп во играта на Манчестер Сити е видливо. Секогаш е добра вест дека Меси се враќа. Прави шанси, постигнува голови. Колку повеќе е инволвиран во играта, толку Барселона е подобра“, коментира Енрике кој нема проблеми со повредени или суспендирани играчи.

Гвардиола нема да смета на повредените Сања и Делф. Но, има Пеп поединци во соблекувалната што можат адекватно добро да се справат со предизвик од секаков вид.

 „Кога првпат се запознавме како фудбалери, беше лесно да се воочи дека Луис е специјален. Директен е, чесен, искрен и голем работник е. Веќе постигна доста успех, а го чека уште многу во иднина. Тој направи повеќе со тимот на Барселона од времето кога јас бев главен овде“, истакна Гвардиола.

Шпанецот на клупата на „граѓаните“ вели дека вечерашниот дуел ќе биде одличен тест за неговата екипа. Но, ремито со Селтик, вели Гвардиола, го ставаат Манчестер Сити во  позиција да бара бод во Барселона.

 „Среќен сум што Меси е фит и ќе може да настапи. Не му требаат ногу шанси да постигне гол. Ќе мора да бидеме внимателни. Што е однесува до нас, сакам да одиграме добро во двата правца. И во одбрана и во напад“, најави менаџерот на Сити.

 

Лига на шампиони

Група А: Арсенал – Лудогорец, ПСЖ – Базел

Група Б: Наполи – Бешикташ, Динамо Киев – Бенфика

Група Ц: Барселона – Манчестер Сити, Селтик – Борусија Менхенгладбах

Група Д: Ростов – Атлетико Мадрид, Баерн Минхен – ПСВ Ајндховен

Мечевите почнуваат во 20.45 часот

Барселона Лига на шампиони Манчестер Сити фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.