Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја изрече 11. казна за Селтик во последните шест години поради недозволиво однесување на неговите навивачи. Шкотскиот гигант се најде на тапет во Нион за цртеж со маскиран војник на Ирската републиканска армија (ИРА) што беше истакнат за време на мечот со Линфилд во квалификациите за Лигата на шампиони и ќе мора да плати 23.000 евра.
Селтик го осуди потегот на, како што наведоа од клубот, „малцинство“ навивачи и притоа наведе дека на „Салтик парк“ нема место за подршкаа во било каков облик на организацијата што е паравоена или забранета.
Пароли, транспаренти и скандирања со политичка, верска, навредлива и провокативна содржина се забранети на натпревари под капата на УЕФА.