Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Угостители: Отпуштени околу 15.000 вработени, мерките од Владата се недоволни

0
By Нова ТВ on April 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Туристичко-угостителската Kомора на Македонија денеска објави дека илјадници угостителски објекти кои тие ги застапуваат нема да ги користат мерките на Владата бидејќи, како што посочија оттаму, се недоволни и селективни и ќе придонесат за нивно дополнително задолжување.

„Свесни сме дека подобри мерки нема да добиеме. Затоа сакаме да и соопштиме на Владата дека угостителскиот сектор, односно субјектите кои ги застапуваме нема да ги користат најавените мерки и дека средствата може да ги насочат директно кон сите кои остануваат без работа или во сектори каде мислат дека ќе постигнат ефект. На овој начин институциите може директно да им помогнат без притоа дополнително да нè задолжуваат со кредити за придонеси и наталожени трошоци“, изјави Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителската комора на Македонија.

Тој посочи дека сите би сакале да ги задржат своите вработени, но оти нема да можат бидејќи немаат приходи, со оглед на тоа што тие беа први затворени, а веројатно и последни ќе бидат отворени, иако не се знае кога би било тоа. Се работи, рече тој, за мали фирми кои немаат резерви и не можат да го понесат товарот од оваа криза.

Ангеловски информира дека веќе е почнат процесот на одјавување и според нивните информации повеќе од 60 проценти од вработените низ цела Македонија се одјавени. Како што рече, според неофицијални информации, станува збор за околу 15.000 лица.

Тој истакна дека мерките кои ги презема и ги донесе Владата не ги опфаќаат сите, оценувајќи дека тие се рестриктивни и недоволни и ќе го зголемат товарот во угостителската дејност со задолжувања.
„Значи мерките не важат за никој кој претходно има земено каква било субвенција, сега не може фирмата воопшто да користи. Ако за еден вработен човек земале мерка која што, на пример, излезе минатата година за зголемување на плата, таа субвенција на придонеси од страна на државата или ако имате мерка за вработување на лице над 50 години за субвенција на придонесот од државата, сега таа фирма не може да аплицира за новите мерки. Дополнително за тие 14.500 денари сега секоја фирма треба да се задолжи до износот на придонесите, односно до бруто платата. Тие средства ние треба да ги обезбедиме во момент кога не функционираме и не се само тие трошоци во угостителството, сите имаме кирии, сите имаме режиски трошоци, други давачки, значи не е мала сумата што ние треба да ја поднесеме како што ни се апелира“, објасни Ангеловски.
Во однос на тоа дека многу работници се жалат оти им се нуди да потпишуваат спогодбени договори за отпуштење, а со тоа не можат да го користат надоместот за невработеност, Ангеловски рече дека Владата најавила оти ќе се погрижи за сите што ќе останат без работа да добијат надоместок.
„Со моменталниот закон не можат да го користат тој надомест. Владата со мерката број 4 најави дека сите што ќе останат без работа ќе се погрижи да добијат придонес и се повика на членот од законот каде што искажува колкав е тој придонес, а тоа е 50 проценти од нето платата во изминатите 24 месеци. Така би требало, според наше разбирање, зошто така кажа и премиерот, да биде мерка број 4 од уредбите сега што ќе излезат“, посочи Ангеловски.

Тој информира дека во овие дејности биле вработени околу 29.000 лица, во околу 6.000 правни субјекти.

Влада Коронавирус мерки угостители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.