Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УО на МКФ: Наумоски свика вонредно Собрание на 15 декември

0
By Нова ТВ on November 8, 2016 СПОРТ
Фото: basketball.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Петар Наумоски свика вонредно Собрание на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на 15 декември. Го предложи самиот како прв човек на Управниот одбор (УО) по отфрлање на иницијативата на 12 клуба од минатата недела како нелегитимна. Образложи и зошто:

„Иницијативата ја проследивме до Агенцијата за млади и спорт со цел да видиме колку клубови имаат решение за дејност спорт. Притоа е утврдено дека таков документ имаат 44 од вкупно 60. Во тие 16 што немаат се и три клуба потписници на барањето за вонредно Собрание. Тоа се Охрид, Радовиш и Кожувчанка. Без нив и субјектот што доцнеше се доаѓа до бројката од 10 клуба, а тоа не е една третина од членовите на Федерацијата. Некој изгледа не го прочитал Статутот“, рече Наумоски на состанокот на УО на МКФ и додаде:

„Затоа, јас, како претседател предлагам да избегнеме ново собирање потписи за нова иницијатива и да прифатиме одржување на вонредно Собрание што ќе го свика управниот одбор“.

Наумоски, кој процедурата за собирање потписи за вонредно Собрание на МКФ, ја оцени како грешка во чекори и на претставници од Иницијативниот одбор (ИО) им порача дека треба да прават разлика од членки на федерацијата и членки на Собранието.

По завршување на расправата за термин за вонредно Собрание беше предложено во викендот пред нас да стартува сезоната во домашното првенство. Како раководство на чие чело е порака дека „од одговоност и од закани за наша смена не бегаме“, но кошарката не смее да трпи и мора да се игра. Останува отворена дилемата дали шампионатот и официјално ќе почне или викендот ќе донесе и ново пролонгирање на стартот на сезона? – Она што е извесно по денешниот УО е поместување на рокот за плаќање на зголемените суми за лиценци на странските кошаркари до наредниот петок.

Вонредно Собрание Иницијатива МКФ Петар Наумоски Управен одбор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.