Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Урко на чело на кик бокс федерацијата, сообраќајката се уште без исход

0
By Нова ТВ on October 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 31, 2016 19:40

Основното јавно обвинителството веќе три месеци води истрага за сообраќајката во Кисела Вода во која Дејан Митровски – Урко усмрти 22 годишен мотоциклист.

Додека да се чека исходот и одлуката на обвинителството дали ќе има обвинение за Митровски, тој во меѓувреме се закити со уште една спортска функција – стана претседател на Кик боксинг федерацијата на Македонија. Урко, кој воедно е и селектор на репрезентацијата, едногласно е избран на Вонредно собрание, откако претходно оставка си поднесе досегашната претседателка Александра Неделковска.

„Го сакам кик боксот, ќе работам чесно и достојно во согласност со Статутот на КБФМ за доброто на кик боксот и за негово издигнување на уште повисоко ниво. Веќе работиме на подобрување на меѓуклупските и меѓутренерските односи, за сите заедно да дадеме свој придонес кон зајакнување на колективот меѓу клубовите во федерацијата кој ќе вроди со продуцирање на поквалитетни натпреварувачи и постигнување на уште поголеми резултати, како на домашни, така и на меѓународни првенства“,- рече новиот претседател Дејан Митровски – Урко по изборот за прв човек на федерацијата.

Од Јавното обвинителство на Марко Зврлевски на прашањето на НОВАТВ: „До каде е истрагата за сообраќајната несреќа“, оттаму денеска кусо одговорија.

„ Во Основното јавно обвинителство Скопје се очекува пристигнување на Извештај од наредено сообраќајно техничко вештачење за настанатата сообраќајна несреќа. Потоа, по разгледување и анализа на прибраниот материјал, ќе биде донесена одлука за натамошно постапување. “, соопштија од Јавното обвинителство.

Сообраќајната несреќа се случи на 27 јули во населбата Кисела Вода кај Рампа, во која Митровски со автомобил „БМВ“ удри во 22 годишен мотоциклист. Момчето беше тешко повредено и во кома, а на први август почина.

13672421_1003765279744260_1707424226_n-777x437

Дури по девет дена од сообраќајката, на 4 август МВР до Основното јавно обвинителство ја достави кривичната пријава против Урко, поранешниот шеф на обезбедувањето на екс премиерот Никола Груевски. Тој се товари за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Според Кривичниот законик, за тоа предвидена е казна затвор од една до десет години.

urko-741x437-1

Тој го штитеше Груевски цели 15 години, почнувајќи од 1999 година кога тој беше избран за министер за финансии, а во 2006 кога ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта, Урко стана телохранителот број 1 на Груевски. Во 2014 беше суспендиран од работната позиција – шеф на обезбедувањето на Груевски, но се уште работи во Шестата управа во МВР. Тој истовремено е посветен и на неговиот семеен бизнис, клубот за вежбање „Магнус“.

 

Дејан Митровски - Урко Кик бокс федерација Марко Зврлевски МВР сообраќајна несреќа Урко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.