Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставните амандмани влегуваат во собраниска расправа

0
By Нова ТВ on November 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 7, 2018 08:25

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, која треба да трае 12 дена. Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истовремено е и претседател на Комисијата, ја закажа за 1 декември.

Премиерот Зоран Заев во петокот на прес-конференцијата во Владата соопшти дека четирите амандмани се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓународните стандарди и заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Според него, нацрт – амандаманите се утврдени низ иклузивен процес и во нив се вградени предлозите на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.

Целосен текст на нацрт амандманите на Уставот и Преамбулата

Првиот амандман се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Вториот се однесува на Преамбулата на Уставот, каде, како што рече Заев, одлуките на АСНОМ  се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор да биде конститутивен елемент на државата.

– Делот на АСНОМ се однесува на замена на одлуките со Прогласот на АСНОМ, заради тоа што, ако остане вака, тоа би предизвикало одредени проблеми во одредени можни идни времиња на соработката меѓу Македонија и Грција. Тоа е така затоа што дел од одлуките на АСНОМ велат „Македонци од Грција и Бугарија обединете се“. Прогласот го нема тој дел, туку во него се зборува за единството во државата,  демократијата, државотворноста, слободата, човековите права и слично и тоа е фер пристап за градење пријателство. Впрочем, Договорот или Спогодбата со Грција е воспоставување на трајно пријателство со нашиот јужен сосед, појасни Заев.

Во однос на Охридскиот рамковен договор, кој се вметнува во Преамбулата на Уставот, премиерот рече дека овој договор и досега бил вграден целосно во Уставот, но оти аргументите што биле дадени во дебатата биле дека кога веќе се отвара Уставот, тогаш и тој да се вгради за да биде конститутивен елемент.

– Тој е дел од Уставот, вграден е, и тука само се додава формулацијата Охридски рамковен договор, рече Заев.

Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е  Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, што дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи.

Во четвртиот амандман, покрај потврдување на македонскиот идентитет, стои дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Законска процедура

Собранието на 19 октомври со 80 гласови „за“ донесе одлука за пристапување кон уставни измени, согласно Договорот од Преспа. Осуммина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаа „за“ уставни измени. Тие предложија свои услови под кои би ги поддржале промените во Уставот, за што во текот на изминатата недела имаа средби со премиерот Заев, по што тој соопшти дека дел од барањата ќе бидат дел од уставните амандмани.

Утврдувањето на нацрт амандманите на Уставот од страна на Собранието е втора фаза од постапката за измена на Уставот. Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас, додека третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Собранискиот Деловник предвидува од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но може да биде завршено и побрзо од максималните рокови.

Собранието со најмалку 61 глас треба да ги утврди нацрт-амандманите, по што тие одат на јавна расправа, чие времетраење го утврдува Парламентот.

По оваа меѓуфаза, Владата треба да ги изготви предлог-амандманите и да ги достави до Собранието. Од моментот на доставување на предлог-амандманите во Собранието до одржувањето на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Предлог амандманите треба да бидат разгледани од Законодавно-правната и Комисијата за уставни прашања, а на крај и на пленарна седница.

Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.

Фото: МКД.мк (Роберт Атанасовски)

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред неколку дена најави жестока дебата по поднесените нацрт амандмани за уставните измени, и на комисиската расправа и потоа на пленарната.

-Очекувам една жестока критика на сето она што ќе биде предложено од владејачкото мнозинство и од Владата во рамки на комисиската расправа, а потоа и во текот на собраниската расправа, за сето она што претходно го излажаа за владејачкото мнозинство да биде демаскирано и презентирано пред јавноста, вели Мицкоски во интервју за Сител.

 

деловник Заев комисија Мицкоски уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
ФОКУС
February 24, 2026

ЦИВИЛ – Центар за слобода /  Меѓународна конференција: Четири години агресија — Украина, отпорот и одговорноста на светот

ВЕСТИ February 24, 2026

Денеска, на 24 февруари 2026 година, точно четири години од почетокот на целосната руска воена…

Артан Груби го напушти Идризово – судење ќе чека притворен дома

February 23, 2026

ЕУ го замрзна трговскиот договор со САД поради новите царини на Трамп

February 23, 2026

Утре, 24-ти април, 4 години со Украина – ЦИВИЛ домаќин на меѓународен онлајн настан „Четири години агресија: Отпорот на Украина и

February 23, 2026
ТИКЕР

 Силна бура ја погоди Хрватска – јадранскот брег голта куќи 

February 20, 2026

Бугарија доби привремена влада – Андреј Ѓуров вети фер избори и управување без хистерија

February 20, 2026

Експлозија во црква во државата Њујорк – има повредени

February 17, 2026

Масакр на училиштен хокеј-натпревар во САД: Двајца убиени и тројца повредени во Род Ајленд

February 17, 2026

Објавени имињата на 305 познати личности поврзани со Џефри Епстин – меѓ нив и Трамп, Ди Венс, Рубио, Мишел Обама, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Де Ниро, Дајана Рос, …

February 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.