Од 9 часот утре ќе нема вода во скопската населба Маџир Маало.

Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-2“ на Кеј 13 Ноември бб, со прекинато водоснабдување утре ќе бидат корисниците од Маџир Маало.

Како што соопштија од ЦУК Скопје, по известување добиени од ЈП Водовод и канлаизација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите.