Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уверување за топли радијатори и до 1 часот по полноќ: ЕСМ од денеска го презема управувањето со БЕГ

0
By Sashko on January 21, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако Владата вчера го одобри текстот на Договорот за деловно-техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ), од денеска ЕСМ треба да го преземе управувањето со топлинската енергија.

Согласно овој договор, БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на овој договор, а од денот на склучување на овој Договор ќе му даде согласност на АД ЕСМ да управува со сите деловни активности на БЕГ, со сите трансакциски сметки, како и со наменската сметка која што БЕГ ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка, соопшти вчера владината прес-служба.

Владата на вчерашната четврта седница, исто така, донесе и Одлука за обезбедување дополнителни количества топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Финансиските средства за реализација на обврските од преземањето на мерката од оваа одлука на Електрани на Северна Македонија се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година.

Владата донесе и Одлука за одобрување финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со електрична енергија, со која се одобруваат финансиски средства во износ од 615 милиони денари на АД Електрани на Северна Македонија во државна сопственост – Скопје.

Овие средства АД Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост – Скопје, ќе ги користи исклучиво за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија за зголемување на производството на електрична енергија и за обезбедување мазут и други потребни средства и услови за продолжување со производството на електрична енергија од страна на ТЕЦ Неготино, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, соопшти Владата.

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа изјави дека електричната енергија и затоплувањето на Скопје се двете теми на кои се фокусираат во периодот и оти сè ќе направат граѓаните да имаат топли радијатори.

Од друга страна, мнистерот за економија Крешник Бектеши уверува дека затоплувањето ќе биде продолжено до 1 часот по полноќ и оти ќе нема намалување на температурата на греење.

Согласно одлуката за прогласување на кризна состојба во делот на топлинската енергија, дополнително ќе вбризгуваме средства во ЕСМ. Од утре, ЕСМ ќе управува со БЕГ снабдување, БЕГ дистрибуција и БЕГ производство со цел граѓаните на Град Скопје во континуитет и сигурно да бидат снабдувани со топлинска енергија до крајот на грејната сезона, изјави вчера Бектеши.

Договорот меѓу ЕСМ и БЕГ, како што најави, ќе биде јавно достапен.

БЕГ Димитар Ковачевски ЕСМ Крешник Бектеши Македонија парно Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.