Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

В четвтрток Западен Балкан во Норвешка, ќе учествува и Ковачевски

0
By Соња Крамарска on November 15, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
амбасадорот Гјелштад
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 15, 2022 14:47

Во четврток во Белград, Норвешка ќе биде домаќин на голема регионална конференција: „Норвешка – Западен Балкан: деловна конференција за можностите за инвестирање во обновливите извори на енергија во Западен Балкан“, на која ќе учествуваат и петмината лидери од регионот, јави дописникот на МИА од Белград.

„Поводот е да се претстават решенијата за обновливи извори на енергија – нивните профили во однос на другите технологии и да се објасни како тие можат да се вклопат во пошироката слика на Западен Балкан за да бидат дел од таа зелена транзиција. Исто така, би било интересно за Норвежаните да слушнат какви поволни услови за инвестиции постојат овде. Ќе учествува и г-дин Александар Вучиќ како прв говорник, но многу сме задоволни што ќе ги имаме и премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, Дритан Абазовиќ од Црна Гора, премиерот на Албанија Еди Рама и Зоран Тегелтија од Босна и Херцеговина“, изјави на гостувањето на Еуроњус Србија норвешкиот амбасадор во Белград, Јерн Гјелштад.

Тој нагласи дека ќе има и панел за финансирање и развој, каде ќе бидат меѓународни финансиски инвеститори, кој ќе го отвори норвешкиот министер за финансии.

„Јас сум голем оптимист и ова може да ја подигне свеста и ангажманот и се надевам дека енергетиката ќе биде голем дел од билатералната агенда меѓу нашите земји и Западен Балкан. Исто така, сакам да истакнам дека оваа конференција, на која ќе се соберат лидери од регионот на тема за енергија и клима, ќе резултира со подобро разбирање како енергијата може да се користи како двигател на посилен регион со поголема соработка, со повеќе интеграции и поголема доверба. Енергијата е нешто што ги интересира сите и е заеднички предизвик пред нас“, оцени норвешкиот амбасадор.

Со цел да го направи нордискиот регион целосно одржлив, Нордискиот совет на министри го основа „Nordic Green“, односно „Нордискиот зелен проект“. Познато е дека нордиските земји имаат блиска соработка на многу полиња, но и нивната солидарност со другите земји, па оттука и иницијативата „Нордиски зелен проект – одржливи решенија за Србија“, која има за цел да ја претстави нордиската „зелена“ технологија, бизнис моделите за заштита на животната средина и борбата против климатските промени.

„Тоа е комбинација на комплицирани фактори – енергија, клима, животна средина. Пораката на ОН од климатската конференција е дека е неопходна итна акција за да се спречи неповратна штета на животната средина. Во исто време имаме хаос на енергетскиот пазар, а таква е состојбата во цела Европа. Ситуацијата е многу тешка во визијата да се има брза транзиција“, изјави норвешкиот амбасадор Гјелштад за Еуроњус Србија.

Тој додаде дека дефинитивно е неопходно да се донесат одредени мерки бидејќи „зимата ќе биде исклучително тешка“, но во исто време смета дека не треба да се испуштаат од вид среднорочните и долгорочните интереси – пред се здрава животна средина.

 

 

 

Западен Балкан Норвешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.