Европската дипломатска служба потврди дека в понеделник ќе се одржи нова рунда на преговори меѓу Белград и Приштина, чија цел е нормализирање на односите и изнаоѓање трајно решение за косовското прашање, јави дописничката на МИА од Брисел.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти ќе допатуваат во Брисел за оваа нова рунда под медијаторство на специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел.