Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцините на Фајзер против коронавирус се ефикасни и безбедни за деца од пет до 11 години

0
By НОВА ТВ Balaban on September 20, 2021 ЗДРАВСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 20, 2021 14:47

Кај учесниците на возраст од 5 до 11 години, вакцината е безбедна, добро се поднесува и покажува стабилни реакции на неутрализирачки антитела, се вели во заедничката изјава на американскиот гигант Фајзер и неговиот германски партнер.

Компанијата Фајзер денеска соопшти дека нејзината вакцина против коронавирусот е ефикасна и безбедна за деца на возраст од пет до 11 годишна возраст и дека наскоро ќе побара одобрување од американските власти за употреба.

Вакцината, произведена од американски Фајзер и германскиот партнер БиоНТек, веќе се користи за имунизација на деца постари од 12 години. Вакцината ќе се дава во помала доза отколку за лица над 12 години, се вели во соопштението на компаниите.
„Кај учесниците на возраст од 5 до 11 години, вакцината е безбедна, добро се поднесува и покажува стабилни реакции на неутрализирачки антитела“, се вели во заедничката изјава на американскиот гигант Фајзер и неговиот германски партнер. Тие планираат да ги пренесат своите податоци од истражувањата на регулаторите во Европската унија, САД и во целиот свет „што е можно поскоро“.
Резултатите од истражувањето се први од ваков вид за деца под 12-годишна возраст.  Испитувањето за вакцина Модерна за деца на возраст од 6 до 11 години се уште трае. Вакцините Фајзер и Модерна сега се достапни за адолесценти над 12 годишна возраст и возрасни во земји низ целиот свет. Иако децата се сметаат за помалку изложени на ризик од тешка форма на коронавирус, постои загриженост дека многу заразната делта варијанта може да доведе до посериозни случаи.
Вакцинацијата на децата исто така се смета за клуч за одржување на училиштата отворени и како можност за ставање крај на пандемијата.
– Со нетрпение очекуваме да ја прошириме заштитата што ја дава вакцината за оваа помлада популација, рече извршниот директор на Фајзер Алберт Бурла, истакнувајќи дека „од јули, случаите на Ковид-19 во САД се зголемиле за околу 240 отсто“.
Децата во возрасната група од 5 до 11 години примиле вакцина во две дози од 10 микрограми во студијата, во споредба со 30 микрограми за постарите возрасни групи, велат компаниите.

Инјекциите се даваат во период од 21 ден. Дозата од 10 микрограми беше „внимателно избрана како претпочитана доза за безбедност, подносливост и имуногеност“ за оваа возрасна група, се вели во соопштението на компаниите.

Несаканите ефекти се „генерално споредливи со оние што се забележани кај учесниците на возраст од 16 до 25 години“, се вели во соопштението.

Најчесто пријавени несакани ефекти во минатото беа болка и оток на местото на инјектирање, како и главоболка, температура и треска.

Израел веќе даде специјална дозвола за вакцинирање на деца на возраст од 5-11 години, кои се „под значителен ризик од сериозни болести или смрт“ од коронавирус користејќи Фајзер во помала доза.

Вакцините деца од пет до 11 години фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.