Порто е четвртиот патник во четврт-финалето на шампионската Лига на УЕФА. Португалскиот состав ја совлада Рома со 3:1 по продолженија и со вкупни 4:3 ги продолжува настапите во елитното натпреварување.
https://www.youtube.com/watch?v=oJDRqqSSnRc
И на „Драгао“ како и на „Паркот на принцевите“ пресуди пенал. Алесандро Флоренци повлече противнички фудбалер што за турскиот арбитар Чакир, по прегледување на ВАР снимката, беше причина да покаже на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Алекс Телјеш во 117. минута како еден вид на казна за римјаните за двете промашувања на Един Џеко во дополнителните пола час фудбал во Португалија.
Манчестер јунајтед претходно приреди сензација со триумфот над ПСЖ во Париз со 3:1.
Лига на шампиони, осминафинале, реванши
ПСЖ – Манчестер јунајтед 1:3 (2:0)
Порто – Рома 3:1 по продолженија (1:2)
Во заграда се резултати од првите натпревари