Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји ja објави методологијата за преговори: Ако има напредок, преговорите ќе бидат побрзи

0
By Нова ТВ on February 5, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, денеска во Брисел ја претстави ревидираната методологија за пристапните преговори. Смета дека доколку има напредок, преговорите можат да се движат побрзо од досега. Европската комисија (ЕК) очекува новата методологија да биде прифатена од земјите-членки на ЕУ што ќе им овозможи на Северна Македонија и Албанија да ги започнат преговорите за членство пред самитот ЕУ-Западен Балкан во мај годинава во Загреб. Комесарот за проширување Оливер Вархеји, претставувајќи ги измените, рече дека новото групирање на преговарачките поглавја ќе им даде дополнителен фокус на преговорите, но и ќе ги забрза, доколку земјите-кандидати работат напорно на реформите.

„Европската комисија ветува дека е подготвена да ги затвори поглавјата во рок од една година. Реализацијата мора да дојде од другата страна. Сметаме дека процесот може да се движи многу побрзо од претходно“, рече Вархеји, потсетувајќи дека во моментот се потребни шест-седум години за затворање на едно поглавје.

Новата методологија предвидува поделба на преговорите во шест кластери или групи на поглавја. Првиот и најважен кластер посветен на владеењето на правото и демократските институции ќе се отвори на почетокот на преговорите и ќе биде затворен на крајот, откако ќе завршат преговорите и за останатите пет. Вархеји вели дека со новата методологија не се прави компромис со ниту еден принцип кој е утврден во процесот на проширувањето. Целта, вели тој, останува полноправно членство во ЕУ, а проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан е клучна геостратешка цел на Унијата.

Фото: euneighbours.eu

Новата методологија обезбедува реверзибилност на процесот, како што бараше Франција, што значи дека преговорите со некоја земја-кандидат можат да стопирани или вратени од почеток доколку не покажува напредок или има назадување. Двете земји кои веќе преговараат, Србија и Црна Гора, ќе добијат можност самите да решат дали ќе се приклучат кон преговорите со новата методологија или ќе преговараат по старата, но Вархеји вели дека ќе бидат во предност доколку се одлучат за ревидираниот процес.

„Не можеме да ги менуваме правилата на играта за оние земји кои веќе преговараат“, вели Вархеји.

Комесарот за проширување очекува во текот на овој месец да бидат готови ревидираните извештаи за напредокот на Скопје и Тирана, по што, се надева дека одлуката за почеток на преговорите ќе може да биде донесена пред самитот во Загреб. Целта е на состанокот во Загреб, фокусот да се насочи кон планирањето на економскиот развој на регионот, кој Вархеји го окарактеризира како „голем план“.

Фон дер Лајен: Го поплочуваме патот на пристапни преговори за Северна Македонија и за Албанија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека има добра порака за пријателите од Западен Балкан во врска со процесот на проширување на Европската унија. Таа вели дека со новиот план за преговарачкиот процес, кој денеска го презентира еврокомесарот Оливер Вархеји, се отвора патот за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија.

Фото: ekathimerini.com
„Денеска Европската комисија предлага кредибилен и динамичен план, поплочувајќи го патот за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Проширувањето на ЕУ е вин-вин ситуација“, твитна Фон дер Лајен.

Денеска, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го презентира извештајот за ревидираната методологија за преговори пред новинарите и пред европратениците. Документот содржи четири столбови: кредибилитет, политичко управување, динамичност и предвидливост односно условеност.

Димитров: Не се плашиме од реверзибилноста на процесот 

По претставувањето на новата методологија, шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров го поздрави планот, оценувајќи дека таа придонесува за „зајакната политичка димензија, но исто така и за повеќе динамизам, предвидливост и кредибилитет на процесот.“

„Веруваме дека овој обновен пристап ќе резултира со двојна победа во наредните недели: отворање на преговорите заедно во усовршен процес. Ние, во регионот, немаме од што да се плашиме од воведувањето на реверзибилноста. Најпосле, пристапниот процес постои да ги трансформира реалностите на теренот кон подобро. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор напред. Крајно време е за лансирање на здрава реформска конкуренција во нашиот регион“, порача Димитров.

ЕУ Македонија Методологија Никола Димитров Оливер Вархеји Преговови Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.