Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји: Очекувам одлука за преговори со Северна Македонија пред Самитот во мај

0
By Нова ТВ on January 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 15, 2020 16:30

Како приоритет на реформски план, Верхеји го истакна  донесување на нов закон за јавно обвинителство. Очекуваме, рече тој, законот да биде донесен од овој парламент, пред изборите во април. Вархеји, вели дека Европската комисија останува на оценката дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на пристапните преговори

Европската комисија ќе излезе со нова предлог-методологија за пристапните преговори до крајот на месецов. Ова го изјави премиерот на техничката влада, Оливер Спасовски на заедничката прес-конференција со комесарот за проширување, наследникот на Јоханес Хан, Оливер Вархеји кој е во еднодневна посета на Скопје.

Новата методологија е барање на Франција за да се согласи со почеток на преговори за членство со Македонија и со Албанија и со продолжување на процесот на проширување на ЕУ. Посетата на Вархеји доаѓа во време кога ЕУ интензивно работи на новата методологија за пристапување во Унијата. Новата методологија би требало да добие поддршка од земјите членки, вклучително и од Франција која, отворањето на преговорите за членство го услови со промена на пристапот во процесот на преговори.

Како приоритет на реформски план, Верхеји го истакна  донесување на нов закон за јавно обвинителство. Очекуваме, рече тој, законот да биде донесен од овој парламент, пред изборите во април. Вархеји, вели дека Европската комисија останува на оценката дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на пристапните преговори.

„Имам добри вести, интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија ќе продолжи. За новата комисија проширувањето не е табу тема, туку приоритет“, рече Вархеји кој е во прва во регионот и прва официјална посета надвор од Европската унија.

Вархеји порача дека по изборите Европската комисија ќе соработува со кој и да победи. Вархеји додаде дека и за новата влада, кој и да ја формира, клучно ќе биде спроведувањето на Преспанскиот договор како и Договорот за добрососедство.

„Првата посета сакам да ја одбележам со Северна Македонија која го испорача историскиот Преспански договор. Северна Македонија е сигурен партнер за ЕУ и реформите функционираат. Мора да ги забрзаме процесите и да ги напарвиме поверодостојни и за регионот и за земјите членки. Комисијата не може да работи без поголемо влијание во регионот. Мора да работиме врз основа на процената дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на преговорите. Треба да имаме позитивна одлука од Советот пред Самитот во мај. Затоа во претстојните месеци ќе имаме многу работа со премиерот затоа што треба да дадеме нови предлози со кои ќе се унапреди процесот на проширување. Сакаме да предложиме отворање на пристапни преговори уште пролетва, но тоа треба да биде во пакет со економски мерки“ рече Вархеји.

Тој истакна дека побарал од ЕУ парламентот да објави награда од 50 милиони евра за искористување на европските фондови.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во вторникот изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан. Во текот на претставувањето на хрватското претседателство со Унијата во Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лајен ја повика ЕУ да го одржи моментумот кога станува збор за Западен Балкан.Хрватска го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ на први јануари 2020 година. Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ зборувајќи за приоритетите на хрватското претседателство со Европската унија во следниве шест месеци рече дека отворањето на преговорите со С. Македонија и со Албанија ќе биде еден од приоритетите на Хрватска.

ЕУ Македонија Оливер Вархеји преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.