Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји: Сребреница е најтрагичен настан во Европа од Втората светска војна

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 СВЕТ
Фото: euronews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 7, 2020 19:40

Сребреница е најтрагичен настан во Европа од Втората светска војна, нагласи еврокомесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји на денешната видео-конференција по повод одбележувањето на 25 години од злосторствата во Сребреница и посветена на сеќавање, помирување и изградба на заедничка иднина на Западен Балкан.

„Тој настан продолжува да нè прогонува и да нè потсетува на заедничката одговорност за да спречиме никогаш повеќе да не се случи геноцид“, посочи Вархеи.

Еврокомесарот повика на одговорност и задоволување на правдата, истакнувајќи оти сите кои се одговорни за масакрот, ќе мора да се соочат со последиците.

„По 25 години поважно од кога било е да ставиме крај на неказнивоста на сторителите на воени злосторства“, наведе Вархеи.

Еврокомесарот посочи и дека сите обиди за прекројување на историјата се неприфатливи, а политичките лидери имаат одговорност да поттикнуваат помирување, а не националистички наративи кои ги продлабочуваат недовербата, го зголемуваат стравот и омразата.

„Правото на живот и почитување на човековото достоинство, слобода, демократија и еднаквост се во центарот на ангажирањето на целиот Западен Балкан на патот кон ЕУ“, истакна Вархеји.

Во периодот од 11 до 23 јули во 1996 година, припадници на војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија околу 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години.

ЕУ Оливер Вархеји Сеќавање Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.