Во нова масовна гробница кај Вуковар се пронајдени посмртни останки на најмалку десет лица од последната војна, пишува денеска загрепски „Вечерњи лист“.

Министерството за бранители вчера соопшти дека во новата гробница се пронајдени останки на пет лица. Весникот пишува дека со оглед на тоа што досега е пребарана третина од локалитетот, не е исклучено оваа бројка да биде поголема.

Министерот Томо Медвед денеска го посети местото на масовната гробница заедно со членовите на семејството кои трагаат по нивните исчезнати.