Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велешанец признал дека го злоставувал 13-годишното девојче

3
By Нова ТВ on February 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

18 годишен Велешанец признал дека имал полов однос со 13 годишното девојче од Домот за деца „25 Мај“ во ноември минатата година.

Пријавата за ,,Полов напад врз дете,“ дури денеска е поднесена од СВР Велес до Обвинителството, а случајот во МВР бил пријавен од болницата во Велес на 13 ноември лани каде што малолетното девојче било донесено во безсознание.

Поради непостапување на институциите, против него досега не се преземени мерки.

МВР, претходно соопшти дека за злоставуваното девојче поднела пријава и против Ш.К (39) за полов напад врз дете – пријавата била поднесена на почетокот на минатата година.

„На 03.01.2017 по пријава за исчезнато лице, девојчето било пронајдено во населбата Шуто Оризари во домот на 68-годишниот Џ.К., која што со сила ја задржала во својот дом со намера да и биде снаа. Констатирано било дека таму малолетничката имала сексуален однос со повозрасен човек. МВР потоа разговарале со Џ.К., А.К. (44) и Ш.К. (39) и како можен сторител бил детектиран Ш.К. за што од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, бил направен посебен извештај кој што на 12.01.2017 година е доставен до надлежен обвинител при ОЈО Скопје за натамошни насоки и постапување“.

Од Обвинителството денеска не соопштија што се случило со оваа пријава, ниту со кривичната пријава која на 1 август ја доставиле од Европскиот центар за заштита на Ромите, а со која се бара да се утврди одговорност од старателот, домот и злоставувачите.

Адвокатката која го застапува случајот вели дека ,,за овој случај, надлежните институции молчеле 11 месеци, без да го заштитат детето, кое на 16 февруари годинава и абортираше, бидејќи забременила по сексуално малтретирање“.

Во ОЈО шест месеци знаеле за случајот со злоставуваното девојче

Центарот за социјална работа, за поведување на дицисплинска постапка или судска постапка за несовесно, неодговорно и непрофесионално работење на поставениот старател на детето и Домот, но од таму им одговориле дека „не постои неправилно постапување од страна на поставениот старател и од страна на одговорните лица во домот за деца без родители 25 Мај, Бутел – Скопје“.

Адвокатката вели дека лицето кое одговорило всушност бил стрателот на детето. Од Министерството за труд денеска најавија дека за случајот со злоставуваното девојче оставка поднесе директорот на Домот и дека се истражува и можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето.

Случајот со 13 годишното девојче го обелодени Европскиот центар за права на Ромите – кој ја шокираше јавноста со сознанието дека малолетно девојче кое било под заштита на државата, било неколкупати сексуално злоставувано, и за тоа никој не одговорал.

велешанец дом 25 мај ЕЦПР злоставувано девојче кривична адвокат МВР ОЈО признание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.