Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија е со Данск, а САД да ја објасни акцијата во Венецуела

0
By Zoran Ivanov on January 5, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 5, 2026 16:22

Британскиот премиер Кир Стармер денес ја осуди изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за намерата на Соединетите Американски Држави да го преземат Гренланд, велејќи дека „застанува зад премиерката на Данска“.

Данска е близок европски сојузник, близок сојузник во НАТО и затоа во иднина мора да бидат само Гренланд и Кралството Данска, рече Стармер, пренесува „Скај њуз“.

Стармер истакна дека сака да биде „апсолутно јасен во врска со ова“, наведувајќи дека на луѓето што живеат во Гренланд, како и на данските власти, им е доверено да одлучат за иднината на Гренланд.

Зборувајќи за ситуацијата во Венецуела откако САД го заробија претседателот на таа земја, Николас Мадуро, Стармер рече дека ситуацијата е „нејасна“.

Венецуела има потреба од мирна транзиција кон демократија. Тоа беше нашиот став пред викендот, а таков останува и сега. Меѓународното право е рамката, сидрото или референтната точка врз основа на која ги оценуваме постапките на другите влади. И секако, од САД зависи да ги оправдаат своите постапки. Не е лесно, рече Стармер.

Данската премиерка претходно го повика Вашингтон да „прекине со заканите“ против „историски близок сојузник“ и нација која јасно кажа дека не е на продажба.

Премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, претходно денес изјави дека изјавите на Трамп за потребата на Америка од Гренланд се „целосно неприфатливи“ и претставуваат „непочитување“, со пораката дека „е доста“.

На 3 јануари, САД го нападнаа главниот град на Венецуела, Каракас, и го уапсија претседателот на таа земја, Николас Мадуро, и неговата сопруга.

Мадуро моментално е во Њујорк, каде што се очекува денес да се појави на судење по обвинение за трговија со дрога и оружје.

 

Британија Гренланд САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.