Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Великов-Петков: Бугарија ја поддржува Македонија за ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on January 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 15, 2018 12:30

Бугарија ја поддржува Македонија за членство во ЕУ и НАТО, истакна бугарскиот амбасадор во Скопје Иван Великов Петков пред Комисјата за европски прашања во македонското Собрание, презентирајќи ги приоритетие на Бугарското претседавање со ЕУ.

– Бугарија ги поддржува напорите на Владата на Македонија, опозицијата и граѓанското општество за постигнување на највисоките национални цели – членство во ЕУ и НАТО и тоа да се случи за време кога со Европскиот совет претседава токму Бугарија, рече Великов Петков.

Но, за да се случи тоа, посочи бугарскиот амбасадор, мора да се спроведат итните реформски приоритети.

Најави дека Бугарија за време на претседателството со ЕУ, ќе работи на зголемување на контактите меѓу земјите од Западен Балкан и подобрување на односите меѓу нив.

Амбасадорот Великов Петков изрази и задоволство што Договорот со за добрососедство со Бугарија денеска е ставен на ратификација во Собранието на Македонија.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи истакна дека е добро што оваа клучна историска година за Западен Балкан со ЕУ претседава соседна држава која во своите стратешки цели ја има евроинтеграцијата на земјите од регионот. Нагласи дека не можеме да очекуваме нашите внатрешни проблеми да ги реши некој друг и оти нашите реформи треба ние самите да ги спроведеме со цел да бидат одржливи, неповратни и инклузивни.

– Јануари и февруари се месеци во кои сите ние треба да покажеме јасни резултати – Владата, Собранието, судството и тоа во процес во кој сите страни ќе бидат дел од изградбата на нашата иднина. Секој вид на опструкција на овој процес во овие одлучувачки преломни моменти претставува опструкција на нашата иднина како држава, просперитетот на нашата економија, благосостојбата на нашите граѓани и перспективата на идните генерации. Доколку во овој период не оствариме видлив напредок во нашите реформи и во нашите односи со соседите во преговорите за името, верувам дека ќе го заслужиме долгоочекуваниот датум за почеток на преговори, рече Османи.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров истакна дека 2018 е година за Македонија во која ќе направиме се за да го фатиме европскиот воз.

– Зимата е тука, но пролетта е на прагот. Ние во регионот имаме обврска да ја направиме иднината попросперитетна и помалку драматична, дури би сакал да имаме досаден Балкан. Нашите игри не треба да бидат игри на тронови, туку игри на реформи и резултати. Позитивен натпревар за напредни општества со европска иднина. Годинава останува да бидеме ефикасни и ревносни на нашиот реформски пат да направиме се што можеме да ја решиме и големата разлика околу името со нашите соседи и партнери во Атина. Ќе направиме се што е во нашите можности со надеж дека и од другата страна приодот ќе биде сличен дека ова е една историска шанса, рече Димитров.

Според евроамбасадорот Самуел Жбогар, она што се очекува од земјава во овој период е не само усвојување и прилагодување на легислативата, туку и да се остварат видливи резултати и да се создадат видливи и неповратни промени.

– Напредокот ќе биде измерен според имплементацијата на договорот од Пржино и идните реформски приоритети, како и добрососедските односи. Собранието има клучна улога во европската агенда и во постигнување отчетност на Владата. Уште поважно е да се осигура инклузивност, рече Жбогар.

Претседателот на Комисијата, Артан Груби, како што се наведува во соопштението, во своето воведно излагање посочи дека Македонија  очекува  на 12 јули  на Самитот  на НАТО  во Брисел покана  за  членство, како и  почеток на преговори  за наше членство  во ЕУ, во текот на  бугарското претседавање со  Советот на Унијата. Притоа, укажа дека  мора да се направат потребните реформи во судството, безбедносниот  систем, начинот на владеење,   медиумите,  борбата против корупцијата  и другите  задачи кои ги добиваме од Брисел. Исто така,   ја нагласи важноста од што поскоро враќање на опозицијата во  Парламентот.

Приоритети на бугарското претседателство со ЕУ кое ќе се одвива под мотото „Обединувањето ја прави силата“ се иднината намладите, европската перспектива за земјите од Запден Балкан, сигурноста и стабилноста и способности ориуенторани кон идинината.

Бугарија Великов Петков ЕУ Македонија НАТО Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.