Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велосипедизам: Армстронг на суд против државата за 100 милиони долари

0
By Нова ТВ on February 25, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 25, 2017 16:41

Ленс Армстронг (45) ќе се појави пред судот во Вашингтон на 6 ноември оваа година во расправа за 100 милиони евра оштета што од него ја бара министерството за правда на САД. Американскиот велосипедист во 2012 година ги загуби седумте титули на Тур де Франс што ги освојуваше од 1999 година до 2005 година.

По долги години негирање допинг, Армстронг, при гостување во ТВ емисија кај Опра Винфри, призна дека користел недозволени средства. Американската анти-допинг агенција го обвини за активно учество во, како што наведе, „најсофистицираната допинг програма што некогаш е видена во спортот“ и му изрече доживотна суспензија.

Министерството за правда на САД сега бара речиси 100 милиони долари отштета и го обвинува за мамење на државата затоа што еден од неговте спонзори во тоа време била и американската пошта. Институцијата платила повеќе од 32 милиона долари на, сега, распуштената екипа на Ленс Армстронг.

Армсттронг сите овие години се обидуваше да избегне судење со уверување дека државата не претрпела никаква штета. Неговите напори, сепак, не дадоа резултат, а таквиот аргумент го одби и судијата Кристофер Купер кој ќе претседава со расправата на почетокот на ноември. Тоа го поткрепи со тврдење дека за повреда по прашање на правото во САД мора да одлучи порота и никој друг.

Велосипедизам Ленс Армстронг Отштета САД Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.