Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ветар во грб за Македонија: Ескобар испорача силна поддршка од САД за преговори со ЕУ до крајот на годинава

0
By Sashko on December 7, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Силна поддршка за брза евроинтеграција доби вчера земјава со посетата на заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Габриел Ескобар, кој порача дека Вашингтон работи со европските партнери за побрза интеграција на земјава во ЕУ. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, во однос на преговорите со Бугарија рече дека се водат разговори и потсети на неговата средба со министерот во техничката Влада на Бугарија, Стоев во Рига, а кажа и дека 14 декември не е краен рок за постигнување решение со Софија. Тој рече дека има конкретен ангажман и оти разговорите со Софија продолжуваат.

Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалност, рече Ескобар.

Тој изрази благодарност за партнерството на САД со Северна Македонија, посочувајќи дека тоа не е само партнерстство, туку пријателство и сојузништво.

Ние делиме заеднички вредности кои се во основа на нашата стратегија на споделени вредности. Ја изразувам благодарноста на Северна Македонија за континуираната поддршка и посветеност во НАТО, додаде Ескобар.

Османи изрази благодарност на Ескобар за неговата прва посета на Скопје.

САД остануваат наш стратешки партнер и кредибилен сојузник, благодарни сме за јасната и гласна поддршка од САД. Во таа смисла нашите стратешки интереси се 100 отсто комплементарни со интересите на САД, рече Османи на заедничката прес-конференција со Ескобар.

Шефот на дипломатијата истакна дека европската перспектива на Западен Балкан е најсигурна инвестиција во регионот.

Нема сомнение дека европската перспектива на Западен Балкан е најсигурна инвестиција во стабилноста на регионот. Сега е моментот за ЕУ да започне преговори со Северна Македонија. Тоа ќе биде голема потврда за нас да останеме посветени на демократските реформи и да ја забрзаме нашата европска интеграција. Уште поважно од тоа ќе биде големо охрабрување за другите, ќе се потврди кредибилноста на ЕУ, ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во регионот. Ќе се забрзаат евроатлантските интеграции и ќе се потврди геостратешката ориентација на нашиот регион, истакна Османи.

Тој изрази благодарност за посветеноста и фокусот што САД го даваат на регионот на Западен Балкан.

САД се посветено ангажирани за побрзо изнаоѓање на решение со Софија, бидејќи е од нивни стратешки интерес Северна Македонија да ги почне преговорите, изјави шефот на дипломатијата.

Османи по заедничката прес-конференција со Ескобар на која не беа предвидени прашања, во изјава за медиумите на новинарско прашање посочи дека не може да коментира во име на Ескобар дали тој имал средби со бугарски претставници за спорот или дали планира да ја посети Софија, повторувајќи ја пораката за американската посветеност.

Османи: Декември е наш таргет за отпочнување на преговори со ЕУ, но не и краен рок

Во однос на преговорите со Бугарија тој додаде дека се водат разговори и потсети на неговата средба со министерот во техничката Влада на Бугарија Стоев во Рига, а кажа и дека 14 декември не е краен рок за постигнување решение со Софија.

Тие разговори продолжуваат. Формалниот состанок на Советот за општи работи е на 14 декември, односно состанокот на министри за Европа на ЕУ, но тоа не значи дека е единствената шанса за декември. Имав средба и со словенечкиот министер за надворешни работи, Словенија е актуелно претседателство со ЕУ и разговаравме исто така за фактот дека и после 14 декември во кој било ден до крајот на годината словенечкото претседателство може да свика вонреден состанок на министри за Европа доколку добие информација од Бугарија дека се спремни да ја поддржат преговарачката рамка и одлуката за почеток на преговори. Нас се уште ни е таргет декември, нагласи Османи.

Тој вели дека не планира да ја спушти тензијата или интензитетот на неопходноста за започнување преговори што побрзо и покрај мислењата во јавноста дека не треба да се подигаат очекувањата на јавноста во однос на отворањето на преговорите.

На средбата во Владата на премиерот Зоран Заев со Ескобар, била изразена целосна поддршка од САД за изнаоѓање заеднички прифатливи одговори за билатералните прашања меѓу С. Македонија и Бугарија заради фактот што иднината на С. Македонија е во ЕУ како исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратешко учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји што е во постојан развој.

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров по средбата со Ескобар рече дека почетокот на пристапните прег​овори со Северна Македонија ќе означи заокружување на едно поглавје во исполнувањето на заедничката стратешка цел и создавање на нов моментум за европската иднина на регионот како гарант на стабилноста и демократијата.

Ескобар, како што соопшти СЕП, ја истакнал посветеноста на Северна Македонија како НАТО сојузничка во обезбедувањето на регионалната безбедност и промовирањето на евроатлантските вредности, при што ја посочи важноста на Преспанскиот договор како столб на мирот и сигурноста во регионот.

„Покажаното лидерство и заложбите во реформскиот процес треба да бидат валидирани со заслужен напредок во европските интеграции на земјата, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција во процесот на преговори“, нагласи Ескобар.

Габриел Ескобар ЕУ Македонија поддршка посета преговори САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.