Се повеќе видеа се шират на социјалните мрежи, најчесто преку Твитер за тоа што денес се случуа во Каталонија за време на референдумот за независност, кој шпанските власти и Уставниот суд не го признаваат.

И покрај тоа што, како што може да се види на видеата, граѓаните не пружат отпор, сепак полицијата ги напаѓа.

https://twitter.com/twitter/statuses/914444724135763968

https://twitter.com/twitter/statuses/914444679390867456

Но и покрај тоа, илјадници граѓани се уште во колони го чекаат својот ред за да го дадат гласот.

Нередите започнаа уште рано утрово кога беше отворено гласањето на подрачјето на областа во која живеат над 7 милиони луѓе, кога националната гарда на сила под своја контрола зеде неколку гласачки места од предвидените 2.000 по директива на шпанската влада.

Засега се уште се чека коментар од премиерот на Шпанија Мариано Рахој, по последните случувања но и по употребата на полицијата на гумени куршуми против активистите и гласачите