Израелскиот амбасадор во Романија, Дејвид Саранга и неговите колеги евакуираа единаесет украински деца болни од рак од Киев во Израел, објави „Некста“.

Медицинскиот тим и авионот за транспорт на децата и нивните родители ги обезбедил израелскиот Детски медицински центар Шнајдер.

На Дневни аваз се појави видео коешто покажува дека децата и родителите се безбедни. Болните деца ќе бидат пренесени во центарот Шнајдер.