Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Фаворитот за бразилски претседател избоден со нож на митинг

1
By Нова ТВ on September 7, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 7, 2018 07:44

Крајно десничарскиот кандидат за претседател на Бразил, кој воедно е и фаворит Жаир Болсонаро е прободен со нож за време на митингот од кампањата, неколку недели пред изборите.

Како што е прикажано на видео снимката, Болсонаро бил прободен од зад грб додека бил носен од топлата поддржувачи во градот Жуиз де Гора во јужната држава Минас Жерваис.

Едно лице е уапсено.

Федералната полиција сооопшти дека е отворена истрага за да се утрвдат причините и околностите за нападот.

Болсонаро е пренесен во локалната болница од каде е соопштено дека е во стабилна состојба.

Бразилскиот Трамп

Инаку, Болсонаро меѓу Бразилците е познат и како Бразилскиот Трамп по неговите расистички, сексистички и хомофобични коментари, што се смета дека се причина за зголемување на тензиите неколку недели пред изборите закажани за октомври.

Последните анкети покажуваат дека Болсонаро е фаворит за победа на изборите, со водство од 10 отсто пред неговиот најголем ривал, поранешниот претседател Луис Игнасио Лула да Силва.

Сепак, лекарите во болницата Санта-Каса, каде што тој е пренесен на операција, сметаат дека повредите би можеле да ја прекинат неговата кампања, бидејќи неговото опоравување може да трае со денови или недели.

Неговото семејство првично сметало дека повредата е површна, но подоцна тие објавија дека имало опасност за неговиот живот.

-За жал тоа е посериозно отколку што се надевавме, напиша на Твитер неговиот син Флавио Болсонаро.

-Повредата е до еден дел од црниот дроб, белите дробови и цревата, тој изгуби многу крв, до болницата стигна речиси мртов … неговата состојба сега изгледа стабилна, напиша тој.

Лекарите соопштија дека тој има внатрешно крварење и повреди на тенкоо и на дебелото црево, но не и на црниот дроб. Можно да му биде направена уште една операција во наредните денови.

Бразил тоне во економска криза

Организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч го осуди нападот.

-Политичките или идеолошките разлики треба да се решаваа само преку демократски процеси, а никогаш преку насилство. Бразилските власти треба да спроведат брза, непристрасна и темелна истрага за ова злосторство и да обезбедат дека правдата ќе се служи, се вели во соопштението.

Земјата е зафатена со насилства и штрајкови од доаѓањето на власт на Мишел Темер, кој ја замени Дилма Русеф на претседателската функција која беше разрешена во 2016 година.

Големиот корупциски скандал и економските проблеми предизвикаа Бразилците да побараат спас во локалната верзија на Трамп.

Популарноста на Болсонаро се зголеми откако Бразил се соочи со најлошата рецесија во својата историја, со голема поделба на леви и десни, и затворањето на екс претседателот Лула да Силва по обвиненија за перење пари со што му беше забрането да биде во трката за претседател.

Лула да Силва

Лула да Силва е во затвор од април, откако беше осуден на 12 години за корупција и перење пари. Обвинувањата против него се појавија откако тој ја напушти функцијата во 2011 година.

72-годишниот да Силва ги негираше сите обвиненија, а неговата одбрана вели дека е жртва на политички прогон.

Најверојатната замена на Лула да Силва, како претседателски кандидат на неговата партија, Фернанде Хадад, го отфрли секој чин на насилство и му посака на Болсонаро брзо закрепнување.

Болсонари Бразил напад претседателски избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.