Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Филипче во интервју за Нова ТВ: Со вирусот ќе играме топло-ладно

0
By Нова ТВ on April 1, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мерките што доследно ги спроведуваме, засега го даваат посакуваниот резултат. Клучната цел ни беше бројката на заразени да расте линеарно, а не експоненцијално и да не ни се случи сценарио од Италија каде здравствениот систем не можеше да ја издржи таа оптовареност. Многу беше важен тајмингот на имплементација на мерките. Ние, на пример, бевме прва земја во регион от што воведе контрола на аеродромите во момент кога тоа не беше направено во метрополи како Истанбул и Брисел. Се покажа дека рестриктивните мерки, социјалната дистанца, ограничувањето на движењата на двете групи помлади и повозрасни лица, едните да се движат допладне, а другите попладне, даваат резултати, рече министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју на Нова ТВ.

Притоа тој нагласи дека тековните мерки ќе траат најмалку до крајот на април, а дали ќе бидат поригорозни или, пак, ќе се попушта во однос на забраната на движење, ќе покажат анализите на состојбата.

„Секоја земја има автетентичен пристап во однос на развлекување на кривата. Колективниот имунитет е, исто така, во моментот непознаница. Тој ќе се случи или можеби веќе се случува, но борбата ќе заврши кога ќе имаме ваквина. Мислењето на СЗО е дека кривата треба да се развлече, да се игра како што велат топло- ладно. Кога кривата расте да се заоструваат мерките, кога опаѓа да се попушта во однос на рестрикциите. Внимателно ќе се следи ситуацијата и во иднина може да бидат потребни рестриктивни мерки во одреддени региони, доколку, на пример, се појави можност за втора крива, како во случајот сега во Кина, која деновиве огранични влез на странци од одредени држави“, изјави Филипче.

Во разговорот тој нагласи дека вирусот треба сериозно да се сфати и дека не може да се споредува со сезонски грип, освен во случаи на полесна клиничка слика.

„Укажувањата на колегите од Италија, таму работат и наши лекари, се дека над 50 отсто од пациентите што се приклучени на респираторна машина не преживуваат и им се случува распаѓање на повеќе витални органи, а не само на белите дробови. Имаме докази во светот, особено во северна Италија каде и млади лица, сосема здрави, завршуваат фатално, без оглед што навреме се јавиле на лекар. Сите треба да бидат внимателни, иако во повеќето случаи заболените имаат полесна клиничка слика и го минуваат вирусот како лесна настинка“, истакна министерот за здравство.

Во односот на дилемите и различните толкувања околу употребата на маски, Филипче рече дека се придржуваат до ставот на Светската здравстена организација (СЗО) дека вирусот не останува во воздухот и затоа на отворено, кога луѓето не се во поголеми групи, луѓето не треба да носат маски. Кога, пак, се во затворен простор, со повеќе лица, се препорачува носење на маска бидејќи вирусот се пренесува преку капките од уста. Тој ја отфрли можноста за тестирање по случаен избор, како што најавија некои земји, како на пример, Норвешка и Австрија.

Венко Филипче интервју Коронавирус мерки резултати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.