Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Груевски ги напаѓа СДСМ, СЈО и “платеничките медиуми”

0
By Нова ТВ on October 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 16, 2016 21:15

Во својот денешен говор во салата “Борис Трајковски” лидерот на ВМРО-ДПМНЕ немаше нежни зборови за опозицијата, СЈО и медиумите кои, според него, се блиски до СДСМ.

Тој рече дека СДСМ покажаа дека се алчни за власт и моќ преку безидејната екипа која го гледа само личниот и партискиот интерес.

Во својот како и секогаш долг говор, Груевски ја нападна најголемата опозициска партија како “куп на деструктивци и манипулатори” кои “едно денес едно зборуваат а утре друго прават”

Според него, СДСМ не нуди алтернатива и покажува дека партијата, по 10 години откако беше поразена на избори, “не само што не напредувала туку назадувала”.

Потоа следеше напад на новата шефица на информативната програма на МРТВ Санта Аргировска. Груевски не се колебаше да навредува и ја нарече “мизерија”.

Според Груевски најпоразително било што СДСМ во овие 10 години зборувале дека нема слобода на медиуми и кодошеле за да се најде државата во што полоша меѓународна позиција, ги активирале “сите невладини организации, лажеа и клеветеа со сите сили и во тоа во голема мера им успеа, за тоа ги бива, слободата на медиуми стана една од клучните забелешки на ЕУ”, рече Груевски. И додаде дека наместо “непартиски и професионален човек, промена што ќе изненади”, СДСМ ја именувале Санта Аргирова, поранешна шефица на кабинет на Илинка Митрева која во тоа време беше потпретседател на СДСМ:

“И оддеднаш излегува Заев со објава дека на тоа место ќе дојде поранешниот најблизок соработник и шеф на кабинет на потпретседателот на СДСМ во тоа време и Министер за надворешни работи Илинка Митрева. Треба ли да потсетувам за срамните интервјуа со претходно дадените прашања и по шест пати враќање да се сними личноста која треба да му помогне на СДСМ, со тоа што за нас ќе се обиде да создаде перцепција дека сме биле криминалци и незаконски сме работеле. Толку од независното новинарство на СДСМ и толку од слободата на медиумите како што тие ја разбираат. Па потоа сите платенички новинари на СДСМ потрчаа оваа мизерија да ја оправдуваат и да ја вадат од кал”.

Потоа следеше на напад врз СЈО.

Според Груевски,СЈО е формирано со добра намера но “тие луѓе се очевидни поддржувачи на СДСМ” и “главен инструмент на Заев за доаѓање на власт”, вели екс премиерот.

Пет пати, едно по друго, Груевски повтори дека на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата и се потребни 63 пратеници на овие избори.

Нивните прес конференции, според Груевски, се “спектакуларни без ниту еден валиден доказ” и тие “допрва планираат да станат актери во оваа кампања со канење на распити на кои однапред ќе бидат поканети медиумите на СДСМ”. Груевски е уверен дека СЈО ќе испраќа отсега уште повеќе покани за суд и прес конференции.

На крајот на говорот Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и пет пати, едно по друго, повтори на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата и се потребни 63 пратеници “што ќе значи силна порака за стабилна и сигурна Македонија”.

Груевски изјави исто така дека СДСМ нема поддршка од народот и “ќе сторат се да не дисквалифицираат и ќе се обидат не ги признаат изборите”. И ги предупреди неговите поддржувачи дека Заев ветува не само двојазична држава туку цело редизајнирање на државата.

На крајот повика прекинат поделбите, вети дека ако дојде на власт нема да има реваншизам и најави големо присуство на терен во предизборието.

ВМРО-ДПМНЕ избори митинг Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.