Македонската фудбалска репрезентација ќе дебитира на Европското првенство што почнува вечерва на „Олимпико“ во Рим со мечот меѓу Италија и Турција. „Црвено-жолтите“ добиваат поддршка од сите страни, кон нив се гледа со симпатии од секоја педа на поранешните југословенски простори. Неколку прославени фудбалски имиња на овие простори, како Предраг Мијатовиќ, отворено порачаа дека ќе навиваат за тимот на Игор Ангеловски во мечевите од групата Ц против Австрија и Украина во Букурешт и против Холандија во Амстердам.

Попладнево на социјалните зад најдобрите македонски фудбалери застана и бразилската легенда, Роналдињо кој во видео материјалот од десетина секунди им посака среќа на нашите репрезентативци.