Повеќе од 20.000 луѓе денеска протестираа во Стокхолм против тероризмот, два дена по нападот со камион во кој загинаа четири лица, а петнаесет беа ранети во шведската престолнина.

„Манифестација на љубовта“ е иницијативата покрената на Фејсбук, а која се одржа во близина на дуќанот во кој се заби камионот во пешачката зона во петокот попладне.

Микаел Бергрен (36) е жител на Стокхолм и дошол со своите две мали деца за да покаже дека сака и натаму нормално да живее во дотогаш безбедниот град.

Шведската полиција објави дека напаѓачот е 39 годишен Узбекистанец, кому во Шведска му било одбиено барањето за азил.

Шведскиот премиер Стефан Лофвен изјави дека е фрустриран од фактот дека властите минатата година не успеале да го депортираат откако бил информиран дека мора да ја напушти земјата.

На протестот во Стокхолм, градоначалничката Карим Вангард, изјави дека „Стокхолм е град на кој се горди и сакаат да живеат. Стравот не смее да владее, а тероризмот никогаш не може да победи“.

Протести и бдеење освен во Стокхолм, беа организирани и во други градови во Шведска.