Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) МВР врши препознавање на учесниците во завчерашниот протест

0
By Нова ТВ on June 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека целиот протест што се одржа на 20 јуни во Скопје е снимен со камери и е фотографиран, врз основа на што ќе се врши препознавање на лицата кои ги оштетувале објектите. МВР објави и видео материјал од кој може да се види дека полицискиот службеник кој снимал, бил во зградата на Министерството за правда. Во продолжение следува целото соопштение од МВР и сите досегашни сознанија за протестот.

IMG_7428(1)

На 20.06.2016 година во периодот од 18:00 до 22:50 часот, во централното градско подрачје, се одржал протест организиран од група граѓани – граѓанско здружение „Протестирам“,  а поддржан од невладини организации и политички партии.

Протестот започнал околу 18:00 часот со собирање на граѓаните пред Специјалното јавно обвинителство каде околу 19:30 часот имало околу  13.000 граѓани. Истите околу 19:40 часот, започнале да се движат од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, по булевар ,,Св.Климент Охридски“ до булевар ,,Илинден“  каде околу 19:50 часот пристигнале пред објектот на Владата на РМ. По краткото задржување до околу 20:30 часот  каде  од страна на некои од учесниците бил одржан говор, насобраната маса на граѓани околу 20:35 часот од бул.Илинден“ се упатиле кон бул. ,,ВМРО“ од каде еден дел од ѓраѓаните се упатиле по улица ,,Максим Горки“ кон Плоштад Македонија, а додека останатите -поголема група се упатиле кон улица ,,Димитрие Чуповски“.

IMG_7433(1)

Истите околу 20:49 часот пристигнале пред објектот на Министерството за правда каде од страна на неколку лица кои биле дел од толпата на граѓани со фрлање на бои и со употреба на разни предмети извршиле оштетувања на фасадата како и скршиле неколку  стакла од прозорците на Министерството за Правда. После тоа толпата на граѓани се упала кон Собранието на РМ каде исто  така  дел од лицата со употреба на чатал фрлале балони наполнети со боја при што била оштетена фасадата на Собранието на РМ .  Околу 21:20 часот наспроти објектот на Собранието на РМ , поточно во ,,Жена Парк“ еден дел од насобраните граѓани од споменикот ,,Прометеј“ го  тргнале  платното како и дрвените штици поставени на металното скеле околу споменикот и со употреба на бои и разни предмети бил оштетен споменикот на Прометеј при што истите биле спречени во натамошните постапки со интервенција од Единицата за Брзо распоредување

IMG_7466(1)

     Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје било извршено фотографирање на оштетувањето на горенаведените објекти за што се сочинети Записници за увид, како и фотоалбуми .

Од страна на Полициски Службеници од ЕУМНА при СВР Скопје е извршено снимање на протестот кој се одвивал пред горенаведените објекти, а воедно е извршено и превземање на видео материјали  и фотографии од отворени извори на податоци-интернет за што е сочинето ЦД со видео запис .

Од страна на Полициски Службеници при СВР Скопје кои службено биле ангажирани за обезбедување на протестите се препознаени неколку лица кои ги вршеле оштетувања на објектите.

Од страна на полициски службеници дополнително ке бидат набавени видео записи од безбедносните камери поставени во непосредна близина на Министерството за Правда, Собранието на РМ лоцирано на бул „ 11 октомври “ бб Скопје,  споменикот на „ Прометеј “ лоциран во жена парк бул „ 11 Октомври “ бб Скопје за ден 20.06.2016 год. за периодот од 18.00 часот до 22.00 часот кога се извршени  оштетувањата , за понатамошна постапка.

#Шарена револуција МВР Прометеј протест протестирам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.