Најмалку 10 лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени во руски ракетен напад врз трговски центар во Кременчук, пренесува АФП, повикувајќи се на изјава на регионалниот гувернер на Полтава.

Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави видео од акцијата за спасување на цивилите што се одвива во трговскиот центар во Кременчук, кој денеска беше нападнат од руските сили.

„Нашите спасувачки служби моментално работат на расчистување на остатоците од трговскиот центар, кој денеска беше нападнат од Русите со крстаречка ракета. Погледнете што остана од него“, вели Герашенко во видеото.